Рекорден број на инфекции Шпанија, Франција и Италија по олабавувањето на мерките


Во Франција се регистрирани 2.621 случаи во последните 24 часа (Фото: АП)

Француското Министерство за здравство во средата објави 3.776 нови потврдени инфекции со корона вирусот, со што вкупниот број достигна 225.043, при што дневниот извештај го надмина прагот од 3.000 по трет пат во пет дена.

Седумдневниот просек на случаите сега е на 2.621, надминувајќи го прагот од 2.500 за прв пат од 19 април, кога Франција беше среде строго заклучување за да го запре вирусот.

Шпанија во средата забележа дека вкупниот број случаи се зголемил за 6.671, покажаа податоците од Министерството за здравство на земјата. Бројот на откриени случаи во изминатите 24 часа се искачи на 3.715 случаи. Сепак, оваа бројка е опишана од извори на министерството како потценување со оглед на разликите во времето на известување помеѓу регионите и системот на централната власт.

Сепак, вкупниот 24-часовен број на случаи во средата беше највисок откако земјата го олабави строгото заклучување кон крајот на јуни. Во она што министерството го сигнализираше како посигурен показател за ситуацијата, земјата во последните 14 дена забележани 63.965 нови случаи дијагностицирани – во просек од 4.569 случаи на ден. Околу третина од овие случаи се во Мадрид, епицентарот на кризата во земјата во март и април.

Во изминатите седум дена, 131 луѓе го загубија животот во Ковид-19 низ Шпанија.

Во последните неколку дена, експертите за јавно здравје предупредуваат дека Шпанија се соочува со клучен момент во нејзината постојана борба против вирусот. Земјата моментно ја предводи Европа со 14-дневна стапка од 131 нови случаи на 100.000 – во споредба со стапка од 43 во Франција и 10 во Италија.

Италија регистрираше 642 нови инфекции во средата, со што се појави нов рекорд од мај кога земјата претпазливо излезе од едно од најдолгите заклучувања во светот по повеќе од 30.000 смртни случаи поврзани со Ковид-19. Седум лица починаа со вирусот. Севкупниот извештај за случаи сега се искачи на 255.178. Бројот на починати изнесува 35.412.

Во неделата владата нареди да се затворат дискотеки и да маскитеда бидат задолжителни на отворено во одредени области ноќе – првите реални ограничувања од затворањето. (Според агенциите)