Градиште како темпирана корона бомба


На социјалните мрежи се појави видео од охридската плажа „Градише“, каде „нема каде игла да се фрли“. Голем број на граѓани се присутни на познатата плажа, но забележливо е дека не се одржува дистанца ниту пак некој носи маска. По завршувањето на продолжениот викенд за очекување е бројот на новозаразените да се зголеми.

Нова анкета покажува дека Света Софија нема да влијае на зголемување на поддршката за Ердоган


  Новата анкета на Центарот за истражување на јавното мислење на Евроазија (АКАМ) покажа дека се намалила поддршката на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и откри дека неговата неодамнешна одлука за повторно претворање на Света Софија во џамија, најверојатно, ќе има занемарливо влијание врз намерите за гласање, објави весникот „Џумхуриет“. Според истражувањето, 48,6 проценти рекле […]

Филипче: Ти си на одмор, но вирусот не е!


Со објава на Твитер, министерот за здравство Венко Филипче реагираше на загрижувачките информации дека на одморалиштата низ Македонија не се почитуваат мерките за заштита од ширењето на инфекција со вирусот ковид-19. „Ти си на одмор, но вирусот не е! Избегнувај собирање во големи групи, носи маска, за да го заштитиме нашето здравје, но и здравјето […]

Зошто Србинот Борис Милошевиќ, потпретседател на хрватската влада, ќе оди во Книн на годишнината од операцијата „Бура“


  Не ми беше лесно да донесам одлука да одам во Книн. И заради приватна семејна трагедија и заради сите оние Срби кои изгубиле некого во „Бура“, оние што се во егзил и оние што се вратиле, иако нивниот процес на враќање им беше опструиран, напиша Борис Милошевиќ, потпретседател на хрватската влада во својот статус […]

Спасовски: Холокаустот врз Ромите е еден од најголемите порази на човештвото, не смее да остане заборавен


Холокаустот врз Ромите не смее да остане заборавен  како што го нарекуват заборавениот холокауст, Наша политичка и морална должност е да ја сочуваме вистината за холокаустот  и неговите  жртви, Евреи, Роми, Словени и сите други  народи никогаш да не бидат заборавени. Да ја сочуваме вистината за холокаустот и неговите жртви, истакна претседателот на Владата Оливер […]

Дневник од карантинот на еден актер (17)


ВАСИЛ ЗАФИРЧЕВ „Знаењето и мудроста ни доаѓаат тогаш, кога веќе не ни се од корист“                Габриел Гарсија Маркес, „Љубов во време на колера“   Со големиот телескоп во Чиле астрономите ја направија првата фотографија на сончев систем со две џиновски планети кои орбитираат околу млада ѕвезда со иста […]

Во Грција по подолго време над 100 новозаразени од КОВИД-19


Во Грција денеска се соопштени 110 нови случаи на Ковид-19, првпат троцифрен број по подолго време, а само девет од новозаразените се по направените тестови на влезните точки во земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчките медиуми, најголемиот број од денешните случаи се во Солун -37, од кои 10 се од свадба, 23 […]

Од карантин во Шпанија избегале 59 мигранти


Група од 59 мигранти избегале од спортска сала во Шпанија, каде биле задржани во карантин, бидејќи било утврдено дека биле во контакт со лица заразени со коронавирусот, јавија денеска шпанските медиуми. Властите во југоисточниот шпански регион Мурсија соопштија дека на мигрантите им бил одреден карантин од 14 дена во спортска сала во близина на градот Картагена, пишува […]

Епл е највредна компанија на светот, го надмина саудискиот нафтен гигант Арамко


Епл го престигна саудискиот нафтен гигант, компанијата Арамко, и стана компанија со најголема пазарна вредност во светот. По објавувањето на квартална заработка, акциите на Епл вчера пораснаа за 10,47 проценти, со што пазарната вредност на компанијата достигна 1,84 илјади милијарди долари. Саудиски Арамко, кој е највредната компанија откако излезе на берза минатата година, сега има […]

Бугарско МНР: Потпишувањето на Договорот со Македонија е еден од најважните настани во регионот


Пред три години, Република Бугарија и Република Северна Македонија отворија нова страница во нивните односи. Потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка на 1 август 2017 година ќе остане едно од најважните настани во современоста на нашиот регион, стои во соопштение на бугарското Министерство за надворешни работи по повод 3 години од потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и […]

Две години условна казна за поранешен бугарски министер


Специјалниот кривичен суд во Бугарија денеска го прогласи поранешниот министер за економија и енергетика Румен Овчаров за виновен и го осуди на две години затвор, условно три години. Овчаров, кој беше дел од Кабинетот на премиерот Сергеј Станишев од 2005 до 2007 година, го лошо раководел со рудникот за јаглен „Бобов Дол“, бидејќи не ги искористил […]

Организацијата на потрошувачите е против поскапувањето на струјата од 7,4 отсто


Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ) е против покачувањето на електричната енергија од 7,4 проценти која ја утврди Регулаторната Комисија за енергетика и водни услуги, бидејќи, според нив, доаѓа во време кога граѓаните се најтешко погодени од корона кризата. – Во настанатата кризна ситуација за голем број потрошувачи не се доведува во прашање само нивното […]

Обрадор: Ќе ставам маска кога ќе исчезнe корупцијата


Мексиканскиот претседател Мануел Лопез Обрадор денеска изјави дека ќе носи заштитна маска само откако целосно ќе се искорени корупцијата во земјата. – Знаете кога ќе ставам маска? Кога нема да има корупција. Тогаш ќе ставам маска и ќе престанам да зборувам, рече Обрадор на прес-конференција, во момент кога неговата земја стигна на третото место во светот по бројот на смртни […]

Рекорден број на новозаразени со Ковид-19 во Албанија


Нов негативен рекорд e забележан во Албанија во последното деноноќие, кога станува збор за новозаразени со Ковид-19. Според Министерството за здравство и социјална заштита, во изминатите 24 часа регистрирани се 120 новозаразени со коронавирус, што е највисока бројка до сега од 9 март, кога беа регистрирани првите два случаи, татко и син, по нивното враќање од Италија. И понатаму главно жариште на болеста е Тирана, […]

Од утре постабилно време со температура до 36 степени


Од утре не очекува постабилен и не особено топол период со дневни температури кои на југоистокот ќе достигнуваат до 36 степени. Повторно нестабилно ќе биде кон средината на работната неделата. Како што информира УХМР, времето утре ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен претежно североисточен ветер најизразен долж Повардарието. Минималната […]

Во Дебар 10 новозаразени со Ковид-19 и еден починат


Во последното деноноќие во Дебар потврдени се 10 новозаразени со Ковид-19, а едно лице ја загубило битката со опасниот вирус. Со денеска потврдените позитивни случаи, вкупната бројка на заразени, од појавата на пандемијата досега, изнесува 205, од нив во списокот на оздравени се впишани 83, починаа седум, останатите се активни на болеста, од нив десеттина […]

Не стивнуваат протестите против Путин на рускиот далечен исток


ХАБАРОВСК – Илјадници луѓе маршираа во рускиот град на далечниот исток Хабаровск во саботата во четврт последователен викенд во знак на протест против претседателот Владимир Путин во справувањето со локалната политичка криза. Жителите на Хабаровск, кој е оддалечен 6.110 км и седум временски зони источно од Москва, не се задоволни од притворот на 9 јули […]

Урвич и Синичане се договорија за водоснабдувањето


Мештаните од Урвич остварија средба со градоначалникот на општина Боговиње на која се согласија Синичане да користи вода од извор во нивниот атар. Воедно на состанокот, што е резултат на средбата на сите страни вчера во Владата, е договорено во иднина да се работи на одредени инфраструктурни проблеми во Урвич. – На состанок дојдовме до […]

Германците на улица: Мисли! Немој да носиш маска!


  Илјадници демонстранти се собраа во Берлин за да искажат незадоволство од мерките воведени со цел да се спречи пандемијата од корона вирус. Демонстрантите тврдат дека мерките ги кршат нивните граѓански права и слободи. Полицијата проценува дека на улица излегле 15.000 луѓе кои не ги поддржуваат мерките на владата против ширењето на корона вируспт. Меѓу […]

Хамилтон ја освои пол-позицијата за Големата награда на Британија


Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон беше најбрз на денешните квалификациите за Големата награда на Велика Британија со извозен круг за 1:24.303 минута. Втор беше неговиот партнер во германскиот тим – Валтери Ботас кој доцнеше 0,313 секунди. Макс Верстапен од Ред Бул и Шарл Леклер од Ферари ќе тргнат од вториот ред. Од 5-10 стартно место […]