Од утре постабилно време со температура до 36 степени


Фото: Б. Грданоски

Од утре не очекува постабилен и не особено топол период со дневни температури кои на југоистокот ќе достигнуваат до 36 степени. Повторно нестабилно ќе биде кон средината на работната неделата.

Како што информира УХМР, времето утре ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен претежно североисточен ветер најизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 27 до 37 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје, сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен североисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 35 степени.