Нова анкета покажува дека Света Софија нема да влијае на зголемување на поддршката за Ердоган


 

Новата анкета на Центарот за истражување на јавното мислење на Евроазија (АКАМ) покажа дека се намалила поддршката на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и откри дека неговата неодамнешна одлука за повторно претворање на Света Софија во џамија, најверојатно, ќе има занемарливо влијание врз намерите за гласање, објави весникот „Џумхуриет“.

Според истражувањето, 48,6 проценти рекле дека нема да гласаат за Ердоган на претседателските избори, додека 38,9 проценти рекле дека би гласале.

Истражувањето за АКАМ кон крајот на мај, пак, откри дека 46,9 проценти од анкетираните рекле дека нема да гласаат за Ердоган доколку тој се кандидира за втор мандат, додека 39,2 проценти рекоа дека ќе го сторат тоа.

Според најновата анкета, 99,7 проценти од испитаниците рекле дека неодамнешната одлука на Ердоган за промена на статусот на Света Софија од музеј во џамија нема да има никакво влијание врз тоа како тие намераваат да гласаат.

На прашањето за вкупната функционирање на Ердоган како претседател, 40,2 проценти рекле дека тоа е неуспешно, 30,9 проценти рекле дека не е ниту успешно, ниту неуспешно, а 28,9 дека е успешно.

На прашањето за оценка на работата на владата на Партијата за правда и развој на Ердоган (АКП), 41,9 проценти од луѓето изјавиле дека таа била неуспешна, 30,3 проценти рекле дека е успешна, а 27,8 проценти сметаат дека ниту е успешна ниту неуспешна.

Анкетираните велат дека економската загриженост и невработеноста се најголемите проблеми со кои се соочува Турција.

Како одговор на прашањето за која партија би гласале, доколку се одржат изборите денес, 35 проценти од анкетираните рекле дека би гласале за АКП.

Вкупно 28,4 проценти се изјасниле дека ќе гласаат за најголемата опозициска Републиканска народна партија; 12,4 проценти би гласале за опозициската централно-десничарска партија ИЈИ; 11,7 проценти би гласале за прокурдската Народна демократската партија; и 7,4 проценти би гласале за екстремно десничарската партија Националистичко движење, која е во сојуз со АКП.

Вкупно 2,3 и 2,2 проценти би гласале за партијата Иднина и ДЕВА, кои се опозициски партии отцепени од АКП. (Ахвал)