Две години условна казна за поранешен бугарски министер

Специјалниот кривичен суд во Бугарија денеска го прогласи поранешниот министер за економија и енергетика Румен Овчаров за виновен и го осуди на две години затвор, условно три години.

Овчаров, кој беше дел од Кабинетот на премиерот Сергеј Станишев од 2005 до 2007 година, го лошо раководел со рудникот за јаглен „Бобов Дол“, бидејќи не ги искористил своите овластувања за да го контролира бизнисот на извршниот директор Пламен Стефанов, кој незаконски го приватизирал рудникот и со тоа ја оштетил државните каса за повеќе од 16,5 милиони лева (околу осум милиони евра).

Вкупната штета предизвикана од Овчаров се проценува на 22,7 милиони лева (околу 11 милиони евра), а судот го објасни изрекувањето на условната казна со фактите дека Овчаров нема криминално досие, како и дека кривичното дело е сторено одамна.