Германците на улица: Мисли! Немој да носиш маска!


 

Илјадници демонстранти се собраа во Берлин за да искажат незадоволство од мерките воведени со цел да се спречи пандемијата од корона вирус.

Демонстрантите тврдат дека мерките ги кршат нивните граѓански права и слободи.

Полицијата проценува дека на улица излегле 15.000 луѓе кои не ги поддржуваат мерките на владата против ширењето на корона вируспт. Меѓу демонстрантите имаше и помал број ултрадесничари кои носеа знаме на империјалистичка Германија, пренесе Ројтерс.


Протестите избија откако претприемачот Михаел Балвег упати повик за нивно одржување. Балвег беше организатор на слични протести во Штутгарт, каде се кандидраше за градоначалник.

„Нашето барање е да се вратиме на демократијата“, рече еден од учесниците на протестот, кој, како и повеќето други демонстранти, не носеше заштитна маска.

Некои меѓу нив носеа транспаренти на кои пишуваше „Мисли! Немојд а носиш маска!“.

За разлика од некои други европски земји, Германија беше помалку погодена од пандемијата со корона вирусот, а по првобитниот успех, бројот на заразени почна повторно да расте. Во оваа змеја во моментот има повеќе од 210.000 случаи на заразаени и речиси 10.000 смртни случаи од последиците на Ковид-19.

Повеќето луѓе се придржуваат на мерките пропишани со цел заштита од корона вирусот, како носење маски во продавници, додека владата неодамна воведе задолжително тестирање за патниците кои во земјата се враќаат од високоризични подрачја.

Помал број граѓани, сепак се противат на мерките против Ковид-19, истакнувајќи дека тие се во спротивност со граѓанските права и слободи и дека имаат негативно влијание на општествоот и економијата.