Пендаровски од Пелинце: Само со почитување на правото ќе обезбедиме праведно општество


Претседателот Стево Пендаровски се обрати од Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце по повод Денот на Републиката 2 Август – Илинден. „Денес, кога одбележуваме 117 години од Илинденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ, се сеќаваме на сите знајни и незнајни херои, комити и партизани кои ги дадоа своите животи во борбата […]

Повеќе од 18 милиони луѓе во светот заразени корона вирусот


Бројот на заразени со коронавирусот во светот надмина 18 милиони и достигна 18.020.684, според најновите податоци објавени на интернет страницата „Ворлдометерс“. Првиот милион е регистриран на 2 април. Бројот на заразени лица во последно време се зголемува за еден милион за четири дена – 16 милиони се регистрирани на 29 јули, 15 милиони на 25 јули … Повеќе од […]

Во сообраќајка кај Кратово загина 22-годишно момче


Момче на возраст од 22 години од Кратово загина во сообраќајна несреќа која вчера се случила на локалниот пат од селото Железница кон селото Крилатица. -Вчера во 18,15 часот било пријавено дека на локален пат од с.Железница кон с.Крилатица во Кратово, на место викано „Мулинци“ во атар на с.Крилатица, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко […]

Загина малолетник на мотор, возачот на автомобилот прво избегал, па сам се пријавил


Во саботата, во 22.05 часот било пријавено дека на регионален пат Куманово-Свети Николе, кај с.Доброшане,кумановско се случила сообраќајна незгода во која учествувале моторцикл „јамаха“, управуван од 16- годишен малолетник од с.Доброшане, патничко моторно возило „БМВ“ со кумановски регистарски ознаки управувано од М.М.(24) од Куманово, кој првично го напуштил местото на настанот, а потоа сам се […]

(Во живо) Обраќање на премиерот Спасовски по повод Денот на Републиката


На денешен ден – 2 август Илинден е поставен најцврстиот темелник во основата на македонската државност. Нашата борба за слобода и правда преку Илинден во 1903, а потоа и на вториот Илинден во 1944 година, беа столбовите на Републиката и на државноста, порача денеска во своето обраќање на скопската тврдина Кале премиерот Оливер Спасовски на […]

Австралија: Состојба на катастрофа прогласена во Викторија


Во австралиската држава Викторија денеска е прогласена состојба на катастрофа, а локалните власти воведуваат полициски час во текот на ноќта како најтешка, анти-епидемиска вонредна мерка досега. Премиерот на државата Викторија, Даниел Ендрјус, изјави дека итните мерки ќе бидат во сила шест недели, до средината на септември, и оти за тој период само еден член на домаќинството ќе има одобрение […]

Заев за Денот на Републиката: Илинден е победа за сите кои движат напред


Денеска 2 Август – Денот на Републиката, оддаваме почит кон нашето херојско минато, нагласува претседателот на СДСМ Зоран Заев во честитката упатена до сите граѓани на Република Северна Македонија по повод големиот државен празник. Нашите славни претци од Илинденското востание и од заседанието на АСНОМ, подвлекува Заев, ги поведоа граѓание кон слобода, независност и единство […]

Санкционирани „диви тркачи“ на скопските улици


Во акциска контрола за откривање на организатори и учесници во „диви трки“ на подрачјето на Скопје, полицијата санкционирала 24 возачи на мотори, кај кои се констатирани низа прекршоци, а бил одземен еден мотоцикл. Од МВР денска соопштија дека акциската контрола на Секторот за сообраќајни работи при Бирото за јавна безбедност во координација со Одделението за […]

Илјадници демонстранти и синоќа излегоа на протести против Нетанјаху


Илјадници демонстранти и синоќа се собраа пред резиденцијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху барајќи негова оставка. Синоќешните демонстрации во Ерусалим, на кои според светските агенции, се собрале десетици илјади луѓе, со неколку мали протести во Тел Авив како и во близина на куќата на Нетанјаху на брегот во Цезареја и десетина други, се најголеми во последните неколку недели. Илјадници Израелци летово излегоа […]

Во екот на сезоната во Црна Гора има 92 проценти помалку туристи


Во Црна Гора во екот на сезоната престојуваат малку повеќе од 15.000 туристи што е за 92 проценти помалку во однос на истиот период минатата година, покажуваат податоците на Националната туристичка организација. Хотелиерите и сопствениците на туристички апартмани велат дека речиси ги преполовиле цените, со цел да останат барем на позитивна нула. Тие не очекуваат […]

Ваучерите за туризам се продаваат на интернет


Туристичките ваучери во вредност од 6.000 денари, што ги делеше државата, се продаваат на интернет за половина цена. Nа специјализираните интернет-страници за продажба се нудат за цени од по 3000 и 4000 денари, а има и такви кои продаваат и по два ваучери.Наместо да одат на одмор, граѓани им ги нудат своите ваучери на хотелиери […]

СЗО го продолжи времетраењето на глобалната подготвеност поради пандемија


Швајцарија– Светската здравствена организација (СЗО) ја продолжи за уште три месеци состојбата на глобална подготвеност поради пандемијата на коронавирусот, соопштено е после седницата на комисијата за итни прашања на СЗО. Во соопштението се истакнува дека е донесена едногласна одлука за продолжување на состојбата на глобална подготвеност поради пандемијата на коронавирусот, која го загрозува јавното здравје низ целата […]

Физичко обезбедување на црквата Света Софија во Охрид


Просторот околу катедралната црква Света Софија во Охрид доби физичко обезбедување. По реакциите во јавноста за недолично однесување на младите во вечерните часови во предворјето на храмот Дебарско-кичевската епархија ангажираше служба која ќе се грижи за просторот околу црквата и нејзина заштита како културното наследство од непроценлива вредност за православието во целиот свет. Токму тој […]

Шон Пен тајно се ожени по трет пат


САД- Шон Пен и девојката Леила Џорџ се чини дека го направија следниот чекор во нивната врска. Актерот, кој овој месец наполни 60 години, а актерката (28) се венчаа, според нивната пријателка, филантропот Ирена Медавој. „Ние сме многу среќни што @leilageorge #seanpenn се земаа. Те сакаме “, напиша Медавој во славниот пост на социјалните мрежи […]

Колку сме далеку од заминување на Марс ?


На Марс летаат роботски ровери и сонди веќе педесет години, но кога човекот конечно ќе зачекори на Црвената планета? Експертите веруваат дека техничките предизвици се речиси решени, но конечната одлука ја носи политиката и поради тоа иднината на колонизација на Марс е неизвесна. Програмата на НАСА за човечко истражување на Месечината, Артемис, предвидува повторно да прати луѓе […]

Пендаровски со честитка за Илинден: Ова е време кога мораме да се сплотиме


Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски, по повод 2 Август – Илинден, Денот на Републиката, упати честитка до граѓаните на Република Северна Македонија. – Денес, кога одбележуваме 117 години од Илинденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ, се сеќаваме на сите знајни и незнајни херои, комити и партизани кои ги дадоа […]

Научно-културни средби „10 дена Крушевска Република“


Со почит за Илинденците и значајните крушевчани, со подигнување на бајракот на Крушевската Република на Гумење, со читањето на Манифестот на Крушевската Република, со испукување на црешовото топче пред Македониумот и со мерки за заштита за присутните, синоќа во Крушево, пред Македониумот беше означен почетокот на Научно-културните средби „10 дена Крушевска Република“. Обраќајќи им се […]

Ден на Републиката – чествувања со протоколи и без масовни собири


Денот на Републиката 2 Август, на кој се празнуваат двата историски Илиндена, 117 години од Илинденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ,  поради епидемијата ќе се чествуваат без масовни собири и културно-уметнички програми и со здравствени протоколи за заштита од КОВИД-19 кои ги утврди Комисијата за заразни болести и ги усвои Владата. […]

Бројот на новозаболени под 10 отсто, се бара почитување на протоколите на плажите и на базените


Бројот на новозаразени лица од Ковид -19 падна под 10 отсто. Според последниот здравствен билтен на Министерството за здравство, во последните 24  часа од направени 1621 тестови регистрирани се 138 нови случаи на Ковид-19 или околу 8,5 отсто, од нив најмногуи се во Скопје – 47 новозаболени. По градови следат Куманово-17, Штип-16, Дебар-10, Прилеп-2, Тетово-2, Велес-5, […]

Сончево и топло со мала облачност, температурата до 36 степени


Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од североисточен правец. УВ индексот ќе биде 8, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Утринската температура ќе се движи од 13 до 22 степени, а дневната од 26 до 36 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде […]