Повеќе од 18 милиони луѓе во светот заразени корона вирусот

Бројот на заразени со коронавирусот во светот надмина 18 милиони и достигна 18.020.684, според најновите податоци објавени на интернет страницата „Ворлдометерс“.

Првиот милион е регистриран на 2 април.

Бројот на заразени лица во последно време се зголемува за еден милион за четири дена – 16 милиони се регистрирани на 29 јули, 15 милиони на 25 јули …

Повеќе од една четвртина од позитивните на Ковид-19 се во САД, каде што се регистрирани речиси 4.800.000 пациенти. Следува Бразил со повеќе од 2,7 милиони и Индија со над 1,7 милиони заразени.

Во Европа, Русија има најмногу потврдени случаи на коронавирус – речиси 850.000, а потоа следат Шпанија со повеќе од 335.000 пациенти, Велика Британија со речиси 304.000, Италија со речиси 248.000 и Германија со повеќе од 211.000 заразени.