Имобиле е новиот добитник на „Златната копачка“


Напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле, може да се чувствува како сигурен носител на „Златната копачка“ за стрелец број еден на Европа. Ова се случува круг пред крајот на Серија „А“. Причината е што неговиот голем конкурент за наградата во Италија – Кристијано Роналдо, беше отстранет од групата за денешниот натпревар на Јувентус со Рома. Предноста […]

Чаир, Аеродром и Кисела Вода со речиси идентични бројки на активни случаи


Скопските општини Чаир со 168, Аеродром со 161 и Кисела Вода со 158 речиси имаат идентични бројки на активни случаи . Карпош и Центар се изедначија и имаат по 128 активни случаи од Ковид-19. Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје) […]

Се зголемува притисокот против поскапата струја – реагираат синдикати, здруженија…


Синдикатите и здруженија од земјава најостро реагираат на одлуката на Регулаторната комисија за енергетика за поскапување на струјата за 7,4 проценти и бараат таа веднаш да биде повлечена. – Револтира што одлуката се носи во екот на најголемата криза од поновото време, кога илјадници луѓе остануваат без работа или добиваат намалување на платите, како и […]

Нови 138 случаи на Ковид-19, седум лица починаа, оздравени 144


Во последните 24 часа се направени 1621 тестирања, а регистрирани се 138 нови случаи на ковид-19, починати се седум лица, а оздавени 144 лица. Како што соопшти Министерството за здравство, од новите случаи во Скопје се регистрирани 47, Куманово-17, Дебар-10, Штип-16, Прилеп-2, Тетово-2, Велес-5, Битола-5, Охрид-2, Кавадарци-1, Гостивар-10, Крива Паланка-1, Кочани-5, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Македонски […]

Ѓоковиќ тренира во Шпанија, на пауза оди на шопинг


Шпанија-Светскиот тениски ас број 1, Србинот Новак Ѓоковиќ, по прележаниот Ковид-19 со сопругата, продолжува со тренинзите во Шпанија. Виден е во лежерен шопинг со своите пријатели во Кадиз. Изгледа опуштено, по скандалот како организатор на тенискиот турнир „Адриа тур“ во Задар каде се заразија од корона повеќе тенисери. Новак тренира во Марбеља со тениски топки […]

Апартман со поглед од милион долари, некогаш на Гизела Бундшен и Том Брејди, пак се продава


САД– Апартман од соништата во Њујорк, кој го завзема целиот 48-ти кат на кулата „One Madison“ е на продажба. Прекрасниот стан со поглед од милион долари на Менхетен  некогаш беше во сопственост на славната двојка- супермоделот Гизела Будшен и спортистот Том Брејди. Резиденцијата со три спални соби гледа на Медисон Сквер Парк и има птичја […]

Гвардиола: Реал ме направи добар тренер


Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола не штедеше убави зборови за Реал Мадрид и тренерот на тимот, Зинедин Зидан. Стручњакот зборуваше пред реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите меѓу „граѓаните“ и „белиот балет“. – Реал Мадрид е многу силен тим од сите погледи. Тие ми помогнаа да се подобрам. Отсекогаш биле силни – со […]

Од денеска задолжителна маска во сите затворени простори во Грција и на Кипар


Зголемениот број нови случаи на Ковид-19, како во Грција, така и на Кипар донесе и нови превентивни мерки, меѓу кои и задолжителното носење маска во затворени простори, а во спротивно, предвидени се казни, јави дописничката на МИА од Атина. Откако вчера во Грција беа регистрирани 78 нови случаи, најголем број во изминатите пет дена и […]

Во Хрватска нови 86 заразени со корона вирус


  Во изминатите 24 часа во Хрватска потврдени се 86 нови случаи на зараза со корона вирус, од 1.381 тестирани примероци, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита. ВБројот на активни случаи во земјата е 738. Најмногу новозаболени денеска има во Загреб, 31, пренесува Index.hr.

Во Србија 330 новозаразени, починаа девет пациенти


  Според последните податоци, во Србија починаа уште девет лица од последиците од Ковид-19. Потврдени се нови 330 заразени. На респиратори има 159 пациенти. Додека во болница од Ковид-19 се лекуваат 4.256 пациенти.

Еден починат, во сообраќајка во која учествувал македонски државјанин во Албанија


Македонски државјанин учествувал во сообраќајна несреќа што се случила препладнево на патниот правец Елбасан-Пеќин, во Албанија. – Тешката сообраќајна несреќа се случи на патниот правец Елбасан-Пеќин, кога од непознати причини дошло до директен судар на автомобил „сузуки“ управуван од Х.Р (67) од Елбасан и автомобил „мерцедес“ управуван од М.К.(38) од Северна Македонија, стои во полициското […]

Славниот Кундера ја подарува личната библиотека и архива на родниот град Брно


Франција– Писателот Милан Кундера (91)кој е автор на познатото дело „Неподносливата леснотија на постоењето“, решил својата приватна библиотека и архив да ја подари на градската библиотека на родниот град Брно во Чешка, каде го поминал детството, пренесува „Ал Џазира Балканс“. Раководството на библиотеката во Брно соопшти дека целата колекција книги на Кундера ќе биде пренесена […]

Фаучи: Се сомневам во руската и кинеската вакцина


САД– Американскиот имунолог Ентони Фаучи изрази сомнеж за безбедноста на вакцините за Ковид-19 што во моментот се испитуваат во Русија и во Кина. – Навистина се надевам дека Кинезите и Русите ќе ги тестираат своите вакцини пред на некога да ги дадат. Да се каже дека има вакцина подготвена за дистрибуција пред да биде тестирана […]

Изминатата седмица во Охрид и Дебар по 16, во Струга 48 потврдени случаи на Ковид-19


Седмичниот билтен на Центарот за јавно здравје од Охрид што ги опфаќа општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа покажува дека во периодот од 25 до 31 јули лабораториски е дијагностицирано присуство на Ковид-19 кај 16 лица од Охрид, 48 лица од Струга и исто 16 лица од Дебар. Изминатата седмица од вкупно […]

Брнз: Новата Влада да се формира во предвидените рокови


Американската амбасадорка во земјава Кејт Мери Брнз во интервју за весникот „Коха“ порача новата влада да се формира во предвидените рокови, со цел да се продолжи борбата против здравствената криза со Ковид-19. Таа исто така вели дека САД ќе соработуваат со сите политички парти во земјата за да се продолжи евроатланскиот пат на Северна Македонија. […]

Во Германија алармантен раст на новозаболени лица со Ковид-19


Во Германија во изминатите 24 часа регистрирани се 955 новозаболени со Ковид-19, што е најголем дневен пораст од 9 мај. Пандемијата во Германија воглавно е ставена под контрола, но властите изминатите недели предупредуваат на новите случаи на зараза. Институтот за заразни болести Роберт Кох оцени дека порастот на новозаболеми лица е последица на непридржувањето на […]

Јанчев до Мицунски: Со лузери не се оди напред


По пораката од Тимчо Муцунски дека ВМРО-ДПМНЕ не е акционерско друштво за тој да го презема кога ќе посака, градоначалникот Митко Јанчев му одговори преку преку Фејсбук дека е точно тоа, но и во партија како и во компанија не се оди напред со лузери. -Се согласувам дека ВМРО -ДПМНЕ не е АД, и уште […]

Сопругата на претседателот советува: Избегнувајте маски со вентил


Избегнувајте маски со вентил. Низ вентилот, кога издишуваме, во млаз се исфрлаат ситните капки коишто го содржат вирусот! Носете платнени маски (најдобро трослојни) за да се заштитите себеси и сите околу вас од Ковид-19, напиша на својот ФБ профил сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска. Носете медицински маски, посочува таа, ако имате: Ковид-19, се грижите за […]

Хрватската влада ќе земе дел профитот на 15 државни фирми за да го пополни буџетот


Петнаесет државни компании ќе треба да уплатат 60 отсто од нивната минатогодишна добивка, или вкупно 1,3 милијарди куни во државната каса   Поради корона кризата, хрватската влада ја бара секоја куна во земјата и пошироко, со цел да ги пополни очекуваните дупки во државната каса. Затоа решија да посегнат во џебовите на успешните државни компании, […]

Три години од потпишувањето на Договорот за добрососедство меѓу Северна Македонија и Бугарија


Денеска се навршуваат три години од потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија. Договорот беше потпишан во Скопје од тогашниот премиер Зоран Заев и претседателот на Владата на Бугарија Бојко Борисов. -На денешен ден, пред три години, имавме чест заедно со премиерот на Бугарија Бојко Борисов, да оддадеме почит […]