Ѓоковиќ тренира во Шпанија, на пауза оди на шопинг


Шпанија-Светскиот тениски ас број 1, Србинот Новак Ѓоковиќ, по прележаниот Ковид-19 со сопругата, продолжува со тренинзите во Шпанија. Виден е во лежерен шопинг со своите пријатели во Кадиз. Изгледа опуштено, по скандалот како организатор на тенискиот турнир „Адриа тур“ во Задар каде се заразија од корона повеќе тенисери.

Новак тренира во Марбеља со тениски топки за УС Опен. Не се знае дали годинешниот Гран слем на САД ќе се одржи со оглед на големиот број заразени од пандемијата во САД.