На Гумење се степале коњаници од Лисиче со крушевчанец, полицаец пукал во воздух за да ги смири


Пет лица кои дошле во Крушево со коњаницата од скопско Лисиче, ноќеска околу 2 часот се степале со крушевчанец на Гумење, јавува Фокус. Според пријавата тепачката ја забележал полицаец кој патролирал таму. Од една страна бил крушевчанецот, а од друга страна биле петмината членови на коњаницата кои се удирале со раце и нозе. За да […]

Во САД рекорден број смртни случаи од крајот на мај


Во САД вчера беа регистрирани 1.453 смртни случаи од последици од Ковид-19, што е најголема бројка на починати во еден ден од 27 мај годинава. Во САД од почетокот на пандемијата со новиот коронавирус починаа 153.882 лица. Бројот на новозаразени за изминатото деноноќие изнесува 66.986 додека вкупниот број на регистрирани пациенти е 4,58 милиони луѓе.

Русија се подгoтвува за масовна вакцинација против корона вирус


  Русија се подготвува во октомври да почне со масовна вакцинација против корона вирус, соопшти министерот за здравство Михаил Мурашко. Министерот рече дека лекарите и наставниците ќе бидат први вакцинирани, но не откри која вакцина ќе биде користена, пишува Ројтерс. Оваа недела еден извор за агенцијата Ројтерс соопшти дека првата потенцијална вакцина против корона вирус […]

Регулаторна да ја преиспита одлуката за поскапувањето на струјата, порачува ДОМ


Зелената партија ја повикува Регулаторната комисија за енергетика да ја преиспита одлуката и да не дозволи покачување на цената на струјата за домаќинствата. Од ДОМ велат дека во време на корона криза кога граѓаните се соочуваат со егзистенцијални проблеми, поскапувањето на струјата ќе предизвика дополнително оптеретување на нивниот домашен буџет. „Потребно е ЕСМ и МЕПСО […]

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на Илинден во Пелинце


Претседателот Стево Пендаровски утре ќе се обрати на одбележувањето на државниот празник 2 Август, Ден на Републиката, во Mеморијалниот центар – АСНОМ во Пелинце. Свеченоста во Пелинце, како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, ќе се реализира во согласност со протоколот на Комисијата за заштита од заразни болести за одбележување државни празници, за бројот на учесниците, […]

Џонсон го стопира ублажувањето на мерките


  Британскиот премиер Борис Џонсон го одложи ублажувањето на рестриктивните мерки поради корона вирусот најавено за овој викенд. Тој предупреди дека Британија би можела да влезе во нов национален карантин поради стравот од понатамошното отворање на економијата кое може да предизвика наглоз големување на бројот на новозаразени, пренесе Гардијан. „Наша проценка е дека сега треба […]

МЗ: Да се почитуваат донесените протоколи за работата на плажите и базените


Со оглед на зголемениот број посетители во туристичките места низ државата, Министерството за здравство преку соопштение апелира да се почитуваат донесените протоколи од Комисијата за заразни болести, кои се однесуваат на работата на базените и на плажите во текот на пандемијата со Ковид-19, како од страна на посетителите, така и од страна на вработените. Препораките, […]

Авионот што се урна минатата недела во Папуа Нова Гвинеја превезувал половина тон кокаин


Малиот авион што минатата недела полета за Австралија и набрзо по полетувањето се урна во Папуа Нова Гвинеја, носел повеќе од 500 килограи кокаин, соопштија денеска австралиските власти. Полицијата на Австралија и на Папуа Нова Гвинеја соопштија дека пронашле 28 пакети кокаин на повеќе локации и уапсени се пет лица осомничени за илегална трговија со […]

Џејмс Мардок поднесе оставка од одборот во „Њуз корпорејшен“


Џејмс Мардок, помладиот син на медиумскиот могул Руперт Мардок, поднесе оставка од одборот во „Њуз корпорејшен“ поради „несогласување со уредувачките содржини“. Во писмото со оставка Џејмс Мардок наведе дека не се согласува со некои „стратешки одлуки“ на компанијата што е во сопственост на неговиот татко. Џејмс последните години и политички не се согласуваше со татко […]

Омраза, насилство и извинување


РУМЕНА БУЖАРОВСКА Овие одбрани и ова поддржување на насилството – иронично, при влез во парламентот – длабоко ме вознемирија. Ме вознемирија како што ме вознемирува секое силеџиство. Замислете си како јавноста околу ваквите појави аплаудира на насилството. Го поддржува. Вели дека е шега. Дека ние што сме вознемирени, не сме разбрале добро   Едно утро […]

Во сообраќајка кај Ресен загина прилепчанка


Во петокот, во 18 часот на магистрален пат Ресен-Битола, кај место викано „Лебара Жито“ Ресен,  се случила сообраќајна незгода во која учествувале две возила, при што загина жена на возраст од 62 години. Имено, во сударот учествувале  патничко моторно возило „опел астра“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.Р.(65) од Прилеп и патничко моторно возило […]

Тинејџер ги хакирал Твитер налозите на Безос, Маск и Гејтс


Седумнаесетгодишниот Грем Кларк од Тампа, Флорида е обвинет дека хакирал повеќе Твитер налози, помеѓу кои и на најбогатиот човек во светот Џеф Безос, сопственикот на „Тесла“, Илон Маск и основачот на Мајкрсофт, Бил Гејтс. Кларк се товари по 30 точки од обвинението за измама на повеќе луѓе ширум САД поврзани со хакирањето на Твитер налозите […]

НБА: 149 поени не беа доволни за Далас да го победи Хјустон


Хјустон Рокетс го совладаа Далас Маверикс со 153-149 по продолжение во дербито на Тексас во дуел кој се одигра во Орландо, Флорида. Маверикс, кои се борат за место во плеј-офот на Западот, водеа во најголем дел од редовното време, нивното водство во еден момент достигна 14 поени, но кош на Роберт Ковингтон на три секунди […]

ДУИ очекува покана од СДСМ, но ќе преговара и со ВМРО-ДПМНЕ


Демократската унија за интеграција очекува покана од СДСМ за формирање на ново парламентарно мнозинство, веднаш по конституирањето на Собранието. Ова го изјавил високиот партиски функционер, Бујар Османи, во интервју за косовската телевизија „Т7“. Но, во исто време, Османи не ја исклучил можноста за формирање мнозинство и со ВМРО-ДПМНЕ. Гласините дека е договорен модел за ротација […]

Охрид преполн со гости, неизвесни ефектите врз колективното здравје


Оваа туристичка сезона за Охрид и туристичките населби на крајбрежјето на Охридското Езеро ќе биде најнеобичната забележана последните неколку децении. Во шпицот на сезоната карактеристичен за илинденските празници градот е преполн со гости, но ситуацијата е сосема поразлична од она што го гледавме изминатите години. Епидемијата на коронавирусот резултираше со замена на странските гости со […]

За три години извршени 55 трансплантации на бубрези од кои 10 од починат дарител


На Универзитетската клиника за нефрологија од 2017 година, досега, извршени се 55 трансплантации на бубрези. Од вкупниот број, од починат дарител се изведени 10 трансплантации, со што 10 пациенти добиле бубрег, соопшти Министерството за здравство. Годинава, пред почнувањето на Ковид пандемијата беа изведени четири трансплантации од жив дарител. Во мај во екот на пандемијата беше […]

Горан Мисовски ќе ја предводи делегацијата на Мечкин камен


Делегацијата на Собранието по повод одбележувањето на националниот празник 2 Август – Денот на Републиката, на Мечкин камен во Крушево, ќе ја предводи потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, соопшти денеска собраниската прес служба. -Претседателот на Собранието Талат Џафери е во добра здравствена состојба, но по препорака на лекарите неопходен му е дополнителен одмор и мирување, […]

Укината смртната казна за напаѓачот на Бостонскиот маратон


Американскиот Федерален апелациски суд ја укина смртната казна за Џохар Царнајев, осуден за бомбашкиот напад на Бостонскиот маратон во 2013 година. Црнајев е осуден по 30 обвиненија, вклучително и заговор и употреба на оружје за масовно уништување.  Тој казната ја издржува во затвор со максимална безбедност во Колорадо. Неговиот брат Тамерлан Царнајев е убиен во […]

Во Јапонија трет ден рекорден број на новозаболени од Ковид-19


Јапонија пријави 1.579 нови случаи со Ковид-19 и уште пет смртни случаи. Тоа е трет ден по ред како во Јапонија е регистриран рекорден број на инфицирани со новиот коронавирус. Јапонскиот премиер Шинѕо Абе вчера изјави дека внимателно се следи ситуацијата и оти фокусот е на тестирањето. Во Јапонија од почетокот на пандемијата регистрирани се […]

Мерката 14.500 денари ги задржа работниците, но дел не добија плати, парите завршија кај работодавачите, ќе следат санкции


Да се поддржат фирмите и да не се отпуштат работниците, со ваква цел беше воведена мерката за плата од 14.500 денари по вработен, како дел од економските пакети на Владата за ублажување на последиците од корона-кризата. Според надлежните, таа имаше позитивно влијание и немаше отпуштање на вработени, но анализите покажаа дека голем дел од работниците […]