НБА: 149 поени не беа доволни за Далас да го победи Хјустон


Хјустон Рокетс го совладаа Далас Маверикс со 153-149 по продолжение во дербито на Тексас во дуел кој се одигра во Орландо, Флорида. Маверикс, кои се борат за место во плеј-офот на Западот, водеа во најголем дел од редовното време, нивното водство во еден момент достигна 14 поени, но кош на Роберт Ковингтон на три секунди пред крајот го одведе мечот во продолжение. Во него, „Ракетите“ беа поцврсти и запишаа успех со четири поени разлика.

Најдобар стрелец беше Џејмс Харден со 49 поени, 9 скокови, 8 асистенции, 3 украдени топки и 3 блока, а Расел Вестбрик додаде 31 поен, 11 скокови и 8 асистенции, а уште пет играчи стигнаа до двоцифрен број на поени. За Маверикс, Лука Дончиќ постигна „трипл-дабл“ со 28 поени, 13 скока и 10 асистенции, а центарот Кристапс Порзингис запиша импресивен „дабл-дабл“ од 39 поени и 16 скока. Треј Бурк испорача силно од клупата, постигнувајќи 31 поен за 29 минута игра, но тоа не беше доволно за победа.

Продолжение гледавме и на натпреварот помеѓу Портланд Трејблајзерс и Мемфис Гризлис, кој заврши со успех за Портланд со 140:135. Ова беше исклучително вреден успех, бидејќи овие две екипи во моментов се во битка за осмото место во Западната конференција. „Гризлите“ продолжуваат да ја заземаат осмата позиција со 32 победи и 34 порази, додека „пешаците“ имаат биланс од 30-37 на 9-то место.

Битката меѓу две од водечките екипи на Истокот заврши со победа на Милвоки Бакс над Бостон Селтикс со 119:112.