Русија се подгoтвува за масовна вакцинација против корона вирус


 

Русија се подготвува во октомври да почне со масовна вакцинација против корона вирус, соопшти министерот за здравство Михаил Мурашко.

Министерот рече дека лекарите и наставниците ќе бидат први вакцинирани, но не откри која вакцина ќе биде користена, пишува Ројтерс.

Оваа недела еден извор за агенцијата Ројтерс соопшти дека првата потенцијална вакцина против корона вирус во Русија, која ја развива државниот научно-истражувачки институт, може да добие одобрени за употреба во август и дека набрзо потоа многу здравствени работници може да бидат вакцинирани.