Во сообраќајка кај Ресен загина прилепчанка


Во петокот, во 18 часот на магистрален пат Ресен-Битола, кај место викано „Лебара Жито“ Ресен,  се случила сообраќајна незгода во која учествувале две возила, при што загина жена на возраст од 62 години.

Имено, во сударот учествувале  патничко моторно возило „опел астра“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.Р.(65) од Прилеп и патничко моторно возило „пасат“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.В.(42) од с.Грначари,ресенско.

Во незгодата починала сопатничката во патничко моторно возило „астра“ Р.Р.(62) од Прилеп,  додека со возило на итна медицинска помош во Клиничка болница Битола биле пренесени возачот Р.Р., неговата малолетна сопатничка од Прилеп и возачот на другото возило Ѓ.В., на кои од доктор им биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.