Во Јапонија трет ден рекорден број на новозаболени од Ковид-19

Јапонија

Јапонија пријави 1.579 нови случаи со Ковид-19 и уште пет смртни случаи.
Тоа е трет ден по ред како во Јапонија е регистриран рекорден број на инфицирани со новиот коронавирус.

Јапонскиот премиер Шинѕо Абе вчера изјави дека внимателно се следи ситуацијата и оти фокусот е на тестирањето.

Во Јапонија од почетокот на пандемијата регистрирани се 36.548 заразени лица, од кои починале 1.024.