На Гумење се степале коњаници од Лисиче со крушевчанец, полицаец пукал во воздух за да ги смири


Пет лица кои дошле во Крушево со коњаницата од скопско Лисиче, ноќеска околу 2 часот се степале со крушевчанец на Гумење, јавува Фокус.

Според пријавата тепачката ја забележал полицаец кој патролирал таму. Од една страна бил крушевчанецот, а од друга страна биле петмината членови на коњаницата кои се удирале со раце и нозе.

За да ги смири полицаецот од службениот пиштол испукал еден предупредувачки куршум и тепачката престанала.