Џонсон го стопира ублажувањето на мерките


 

Британскиот премиер Борис Џонсон го одложи ублажувањето на рестриктивните мерки поради корона вирусот најавено за овој викенд.

Тој предупреди дека Британија би можела да влезе во нов национален карантин поради стравот од понатамошното отворање на економијата кое може да предизвика наглоз големување на бројот на новозаразени, пренесе Гардијан.

„Наша проценка е дека сега треба да притиснеме на кочницата за да го зарджиме вирусот под контрола“, рече Џонсон.