Собранието конституирано, спикерот ќе се избира друг пат


Откако Јагода Шахпаска во име на Верификациската комисија го поднесе извештајот за изборот на новите пратеници, претседавачот на Конституивната седница, Талат Џафери,  ја прекина седницата и изборот на спикер на Собранието го остави за некое друго време. Претседателот на Собранието и составот на Комисијата за избори и именувања ќе се направи кога ќе биде формирано […]

Апасиев од новиот парламент: Штом влеговме, нема излегување!


Политичката партија Левица за прв пат влезе во Собрание, а лидерот Димитар Апасиев објави фотографија на неговиот фејсбук-профил, од конститутивната седница. „Чим им влеговме нема излегување,“ напиша Апасиев и го додаде хаштагот „Бравата ќе ја смениме“. Неофицијално Апасиев бил единствениот што не гласал за предложениот дневен ред туку бил воздржан.

Нухиу на средба со амбасадорот Тимоние


 Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија е битна алка во градење на довербата во државните институции на патот кон Европската унија,  истакнале денеска на средба министерот за внатрешни работи Агим Нухиу и амбасадорот на Франција во државава Кристиан Тимоние. Како што соопшти МВР, на средбата биле потврдени пријателските односи, довербата, реализацијата на заеднички […]

Скопјанец обвинет за убиство во Долно Дупени


Основното јавно обвинителство – Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против скопјанец поради постоење основано сомнение за кривично дело – убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик, извршено на 30 јуни во ресенското село Долно Дупени. Предложен е и притвор за осомниченото лице. – На 30 јуни, осомничениот скопјанец, во местото Големи […]

ВМРО-ДПМНЕ се жали дека добила двојно помалку простор за рекламирање од СДСМ


Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски ја обвини за „лукративни договори“ владеечката СДСМ со кои, според опозицијата, таа добила двојно повеќе простор за рекламирање на изборите од нив. „Агенцијата за медиуми го објави извештајот за платено политичко рекламирање, каде што може јасно да се забележи соодносот на рекламирањето помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, при што е 2 […]

По косовскиот премиер, и неговиот заменик позитивен на Ковид-19


По косовскиот премиер Авдулах Хоти, денеска и неговиот заменик, вицепремиерот Дритон Селманај, информира дека резултирал позитивен на тестот што го извршил за Ковид-19, јави дописникот на МИА од Приштина. Веста ја објави самиот Селаманај преку својата страница на Фејсбук, наведувајќи дека денешните резултатие од вчерашното тестирање покажале оти е асимптоматичен. – Вчера го направив тестот […]

Конститутивна седница на новото Собрание: Избрана Верификациската комисија


Собранието денеска на првата конститутивна седница ги избра претседателот и членовите на Верификациската комисија, која на паузата што ја даде претседателот во претходниот состав Талат Џафери, кој ја води седницата, треба да го разгледа извештајот на ДИК за спроведените предвремени парламентарни избори. За претседател на Комисијата на предлог на Џафери беше избрана пратеничката Јагода Шахпаска, […]

Хуан Карлос веќе ја напуштил Шпанија


Поранешниот крал на Шпанија Хуан Карлос веќе ја напуштил земјата кон непозната дестинација, неколку недели откако беше поврзан со истрагата за наводна корупција. Хуан Карлос (82) го објави овој потег во понеделникот во писмото до неговиот син Фелипе, кому му ја предаде власта пред шест години. Тој рече дека ќе биде достапен ако обвинителите треба […]

За половина денар поскапи бензините, за исто толку поевтин дизелот


За половина денар од полноќ поскапуваат бензините, а за исто толку поевтинува дизелот. Екстра лесното масло за домаќинство се намалува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 60 ден/лит, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 62 денари за литар.Малопродажната цена на дизелот ќе […]

Заразени во Хрватска ги премолчуваат контактите за пријателите да не им одат во изолација


  Хрватските епидемиолози се жалаат дека голем број од заразените со корона вирус ги премолчуваат контактите затоа што сакаат да ги спречат пријателите да одат во самозилоација. Според пишувањето на „Јутарњи лист“, заразените тоа го прават за да ги спасат пријателите кои одат на летување, или затоа што сакаат да избегнат самоизолација во сред испитен […]

Напишале S.O.S. на плажа и биле спасени


Тројца мажи биле спасени од мал остров на Пацификот, откако напишале огромен СОС знак во песокот, кој бил забележан од воздухот. Тие се воделе како исчезнати во архипелагот на Микронезија скоро три дена кога спасувачите во австралиските и американските авиони го забележале нивниот знак за помош во неделата на ненаселениот остров Пикелот, соопшти вчера австралиското […]

Земојтрес од 5,7 степени на југоистокот на Турција


Земјотрес со јачина од 5,7 степени денеска ја погоди провинцијата Малатија во југоисточна Турција, соопшти Институтот за истражување земјотреси и опсерваторијата Кандили. Земјотресот се случил на длабочина од пет километри. Градоначалникот на Путурга, каде што е епицентарот на земјотресот, за телевизијата Си-Ен-Ен Турк изјави дека земјотресот предизвикал некои штети, но нема извештаи за евентуални жртви […]

Брнабиќ: Јас сум еден од кандидатите за премиер, поблиску сме да коалицираме со Шапиќ


Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека претседателот Александар Вучиќ сериозно размислува да влезе во коалиција со лидерот на Српскиот патриотски сојуз (СПАС), Александар Шапиќ и наведе дека таа е еден од двајцата кандидати за премиер на новата влада. Како што јави дописникот на МИА од Белград, Брнабиќ гостувајќи на ТВ Пинк, кажа дека Вучиќ бил […]

На Тимчо Муцунски не му дозволија со електричен тротинет да влезе во Собранието


Пратеникот Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ пред почетокот на денешната конститутивна седница се пожали дека не му дозволиле во Собранието да влезе со тротинетот. Погледнете ја неговата изјава и на неколку негови колеги од видеото на ТВ24.

Од утре дожд и намалување на температурата


Под влијание на циклонска активност од утре следува период на променливо облачно, нестабилно и посвежо време со повремени врнежи од дожд и грмежи. Како што соопшти УХМР, локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, особено утре и задутре, кога локално се очекува обилен пороен дожд (над 30 литри на метар квадратен), силен ветер, […]

Истекоа роковите за уривање на дивоградбата кај Мавровка, на потег е Општина Чаир


Истекоа законските рокови во кои непознатиот инвеститор требаше сам да ја урне дивоградбата пред ТЦ Мавровка. Бидејќи објектот не е срушен, а рокот е истечен, сега надлежноста за отстранување на објектот кој покрива површина од 330 метри квадратни е на Општина Чаир, која веќе објави тендер за избор на фирма што ќе отстранува бесправно изградени […]

Пoчна седница за конституирање на Собранието, се одвива под посебни здравствени протоколи


Во Собранието на Република Северна Македонија почна првата седница на новиот парламентарен состав која се одржува во салата Голема купола согласно здравствените протоколи за заштита од ширење на Ковид-19. Со седницата претседава претседателот на Собранието во заминување Талат Џафери. На почетокот на седницата беше интонирана химната. Според точките на дневиот ред на седницата ќе се […]

Вкупно 65.544 земјоделци аплицирале за субвенции


Вкупно 65.544 земјоделци поднеле барање за субвенции до 31 јули кога беше крајниот рок за аплицирање, соопшти денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Оттаму оценуваат дека успешно е завршен процесот на пријавување за користење финансиска поддршка во земјоделството. –  Аплицирањето се одвиваше електронски. Но, еден дел земјоделци кои не знаеја сами да […]

Панчевски на соочување со експертот кој го одржувал АКМИС


Во Основниот суд во Велес денеска продолжи судењето на поранешниот претседател на скопскиот Кривичен суд, Владимир Панчевски.На рочиштето сведочи Горан Митев, вработен во компанијата која го развивала и одржувала системот АКМИС кој судовите го користат за распределба и водење на судските предмети. Тој појасни дека компјутерскиот систем имал можност и за рачна распределба на предмети […]

Воздухопловниот регулатор на САД препорача доработки за „Боинг 737 Макс“ повторно да лета  


Федералната управа за авијација на САД во својот најнов извештај објавен денеска препорача да се внесат измени во компјутерските програми, дизајнот и во другите системи на авионите „Боинг 737 Макс“, за овој модел да може повторно да лета после фаталните катастрофи лани и во 2018 година  -Препорачаните измени на дизајнот на 737 Макс, процедурите за […]