Истекоа роковите за уривање на дивоградбата кај Мавровка, на потег е Општина Чаир

Истекоа законските рокови во кои непознатиот инвеститор требаше сам да ја урне дивоградбата пред ТЦ Мавровка.

Бидејќи објектот не е срушен, а рокот е истечен, сега надлежноста за отстранување на објектот кој покрива површина од 330 метри квадратни е на Општина Чаир, која веќе објави тендер за избор на фирма што ќе отстранува бесправно изградени објекти.

Во истрагата за бесправнио изградениот објект се вклучи и единицата за компјутерски криминал на МВР. Кога ќе заврши истрагата, полицијата ќе го извести и Обвинителството.