Полицијата уапси членка на ИСИС од Скопје


Жена на возраст од 38 години уапсена е денеска во Скопје, под сомнение дека е членка на терористичката организација ИСИС. Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за спречување на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Л.С.(38) од Скопје, […]

На Кардиологија првпат самостојно извршено стентирање на трауматско раскинување на градната аорта


На Универзитетската клиника за кардиологија првпат самостојно тим лекари направија стентирање на трауматска трансекција на торакална аорта кај 42 – годишен пациент. На пациентот му било дијагностицирано раскинување на ѕидот на градната аорта, по сообраќајна незгода со повеќе скршеници на коски и повреда на белите дробови, соопшти Министерството за здравство. Ова, како што се посочува, […]

Малолетници нашле мртовец во СРЦ Езеро Треска


Во понеделникто, во 14.45 часот во Полициска станица Сарај било пријавено дека во СРЦ Езеро Треска, во близина на напуштени тоалет кабини, од малолетни лица било пронајдено безживотно машко тело. По утврдување на идентитетот било констатирано дека станува збор за Ф.Ј.(46) од с.Никиштани. Од лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт. Увид на местото извршила […]

Кражба на Аеродромот во Скопје, однесени акумулатори за слетна точка


Во понеделникот, во 16.20 часот во СВР Скопје, З.Е. пријавил дека во с.Катланово, Скопско, на место викано „Фазанерија“,  непознато лице насилно ја отворило вратата од објект на М-НАВ и одзело четири акумулатори кои служеле за напојување на слетна точка на аеродромот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Пад на цената на нафтата


Цените на нафтата денеска забележа пад поради стравот од нов бран на Ковид-19 и заострување на мерките во поголем број земји, што би довело до намалена побарувачка за овој енергенс. Цената на фјучерсот на американската ВТИ нафта се намали за 68 центи или за 1,7 отсто и се тргуваше за 40,33 долари за барел, додека […]

ДИК не ги презела законските мерки за заштита на личните податоци, утврдила контролата на софтверот


Агенцијата за заштита на личните податоци (АЗЛП) во врска со инцидентот што се случи на 15 јули 2020, за денот на изборите на веб страницата на Државната изборна комисија (ДИК) изврши вонредна супервизија во ДИК, соопшти Агенцијата. – Вонредната супервизија беше извршена по службена должност со цел да се провери и истражи евентуалното нарушување на […]

Поднесена кривична против градоначалникот на Боговиње заради водоводот за Синичане


Кривична пријава поднесе СВР Тетово против градоначалникот на Боговиње,  кој е осомничен за „несовесно работење во службата“. СВР Тетово поднесе кривична пријава против Џ.А.(49) од тетовското село, градоначалник на општина Боговиње, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ и против правно лице од с.Боговиње, сопственост на М.А.(51) од с.Боговиње, поради […]

Дибала прогласен за најдобар во Италија


Серија „А“ ги подели наградите за минатата сезона во Италија. Големата награда за најдобар играч му припадна на претставникот на шампионот Јувентус, Пауло Дибала. Напаѓачот ја заработи наградата со 14 голови и 12 асистенции на 38 натпревари што ги играше во домашното натпреварување. Објавени се и најдобрите фудбалери по позиции. Во составот на голманите беше […]

(Видео) Падна снег во Италија и во Швајцарија


Во Италија и во Швајцарија падна снег, што ги изненади и метеоролозите. На швајцарскито врв Вајсфлујох денеска падна снег, а температурата на воздухот се спушти под нула. На планинскиот врв Вајсфлујох, висок 2.693 метри, познат е и по неколкуте лаборатории на Институтот за снег и истражување на лавини. И во Италија на планинскиот превој Стелвио […]

Британија ќе се соочи со двојно посериозен втор бран на Ковид-19


Велика Британија ќе се соочи со втор бран на Ковид-19 оваа зима, што би можел да биде двојно посериозен и распространет од првиот бран на епидемијата, доколку се отворат училиштата без ефикасен систем за тестирање и следење на вирусот.   Истражувачите од Универзитетот во Лондон и Лондонската школа за хигиена и тропска медицина, го оценија […]

Има пари уште за субвенции за 3.000 инвертери


Од почетокот на отворањето на јавниот повик за субвенции за инвертери поднесени се 2.150 апликации, а остануваат средства за уште околу 3.000 барања. Град Скопје ги потсетува граѓаните од сите скопски општини дека е во тек јавниот повик за доделување субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата, каде што граѓаните може да аплицираат […]

Почина Рајко Дујмиќ: Музиката му беше се, а од „Нови фосили“ направи сензација


Хрватска- Шест дена по тешката сообраќајна несреќа почина хитмејкерот и композитор Рајко Дујмиќ (65), објави „Јутарњи.хр“. Славниот хрватски кантавтор, фронтмен на ултрапопуларната група „Нови фосили“ во 70-80-те години, се здоби со опасни повреди и падна во кома кога минатата недела, во средата во страшна сообраќајна несреќа во местото Стари Лаз, на подрачјето на Равна Гора, […]

СЗО: Вирусот најверојатно потекнува од лилјаците


Тимот на Светска здравствена организација, која го истражува потеклото на Ковид-19 во Кина соопшти дека вирусот најверојатно потекнува од лилјаците и оти најверојатно има уште едно животно домаќин како посредник. – Тимот имаше опширни разговори со кинеските колeги и доби информации за епидемиолошките студии, биолошките и генетските анализи и ветеринарни истражувања, исјави портпаролот на СЗО, […]

Во Србија нови 287 заразени, починаа седуммина


  Во последните 24 часа во Србија забележани се 287 нови случаи на заразени со корона вирус, а починаа седум пациенти со Ковид-19. Тестирани се 9.590, а на респиратори се 143 пациенти. Вкупно од почетокот на пандемијата досега починаа 605 пациенти. Тестирани се 703.246 примероци.

Нови 75 случаи на Ковид-19, починати пет лица


Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 830 тестирања, а регистрирани се 75 нови случаи на Kовид-19 во: Скопје-32, Куманово-4, Штип-5, Тетово-7, Кавадарци-8, Гостивар-8, Струмица-1, Кочани-1, Пробиштип-2, Македонски Брод-2, Виница-1, Свети Николе-1, Кичево-2, Неготино-1. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 136 оздравени пациенти од: Скопје-50, Куманово-16, Прилеп-2,Тетово-5, Струга-28, Охрид-18, Гостивар-2, Крушево-1, […]

Пронајдено телото на 16-годишното момче во Преспанското Eзеро


Пронајдено е телото на 16- годинишното дете кое исчезна во неделата попладнето во водите на Преспанското Eзеро. Нуркачите утрово значително го прошириле периметарот на пребарување по што телото било лоцирано во водите на езерото. Следен чекор ќе биде извлекување на телото по што ќе може да продолжи истрагата. Како што изјавија очевидци, 16-годишното момче скокнало […]

Епидемијата во БиХ никако да се смири, нови 377 заразени


  Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа регистрирани се 377 лица заразени со корона вирусот. Во Федерацијата БиХ тестирани се 974 примероци, од кои 301 се позитивни на корона вирус, пренесе klix.ba. Досега се тестирани 89.551 примероци, а корона вирусот е потврден кај 7.517 лица. ДО денеска оздрава, 3.782 пациенти, а активни се […]

Заев најави преговори за стабилна влада и четиригодишен мандат


Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по конститутивната седница на Собранието одржа прес конференција на која најави почнување разговори за формирање стабилна влада која ќе истера четиригодишен мандат. Тој го навести и можниот состав на идната влада, споменувајќи ги ДУИ, Алијансата за Албанците и Алтернатива. -Државата им припаѓа на сите подеднакво. Од денеска почнуваме преговори за […]

Л’Екип го прогласи Зидан за најдобар тренер на светот


Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан е прогласен за во моментов најдобар на светот од страна на француското издание на „Л’Екип“. Насловната страница на весникот е посветена на оваа тема денес. Зидан ги надмина најдобрите клупски тренери Јирген Клоп, кој работи со Ливерпул, и Пеп Гвардиола, кој го предводи Манчестер сити. Зидан го тренираше Реал […]