Полицијата уапси членка на ИСИС од Скопје


Жена на возраст од 38 години уапсена е денеска во Скопје, под сомнение дека е членка на терористичката организација ИСИС.

Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за спречување на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Л.С.(38) од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „помагање“, а во врска со кривично дело „учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации“.

Пријавената, во два наврата ја напуштила територијата на Република Северна Македонија и со умисла заминала за Сирија, каде земала учество во активностите на терористичката организација „Исламска држава“ (ИСИС). На 10.03.2020 на Меѓународен аеродром Скопје пријавената е депортирана со лет од Истанбул во Скопје.