Кражба на Аеродромот во Скопје, однесени акумулатори за слетна точка

Во понеделникот, во 16.20 часот во СВР Скопје, З.Е. пријавил дека во с.Катланово, Скопско, на место викано „Фазанерија“,  непознато лице насилно ја отворило вратата од објект на М-НАВ и одзело четири акумулатори кои служеле за напојување на слетна точка на аеродромот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.