Пронајдено телото на 16-годишното момче во Преспанското Eзеро


Пронајдено е телото на 16- годинишното дете кое исчезна во неделата попладнето во водите на Преспанското Eзеро.

Нуркачите утрово значително го прошириле периметарот на пребарување по што телото било лоцирано во водите на езерото.

Следен чекор ќе биде извлекување на телото по што ќе може да продолжи истрагата.

Како што изјавија очевидци, 16-годишното момче скокнало од педалинката на која пловело заедно со уште двајца пријатели. Момчето наводно скокнало во водата и никогаш не се појавило на површината. Од тогаш до денеска по него трагаа повеќе граѓани, нуркачи и специјалните сили на полицијата.

До овој момент од МВР се уште нема дадено официјална потврда на оваа инфорамација.