Почина Рајко Дујмиќ: Музиката му беше се, а од „Нови фосили“ направи сензација

Хрватска- Шест дена по тешката сообраќајна несреќа почина хитмејкерот и композитор Рајко Дујмиќ (65), објави „Јутарњи.хр“.

Роден е на 7 август 1954 година. Како член на групата „Нови фосили“ во 1987 година ја напишал песната „Ja sam za ples“ и во Брисел го освоија високото четврто место.

Ја напишал и музиката за песната „Rock Me“, која во 1989 година ја освои публиката во Лозана, а со оваа песна за првпат во историјата на Евровизија- Југославија беше победничка на Евросонг.

Šuti, moj dječače plavi, Ti si moja kiša blaga, Najdraže Moje, Plava košulja, Saša, Tonka, Ključ ispod otirača, Milena i др.,  се се тоа авторски дела на Дујмиќ кој на бендот му даде препознатлив звук и му осигура бројни платинасти и дијамантски тиражи.