Апасиев од новиот парламент: Штом влеговме, нема излегување!


Политичката партија Левица за прв пат влезе во Собрание, а лидерот Димитар Апасиев објави фотографија на неговиот фејсбук-профил, од конститутивната седница.

„Чим им влеговме нема излегување,“ напиша Апасиев и го додаде хаштагот „Бравата ќе ја смениме“.

Неофицијално Апасиев бил единствениот што не гласал за предложениот дневен ред туку бил воздржан.