Операторите реагираат на изјавата на Манчевски


Здружението на информатичко-комуникациски технологии испрати реакција на изјавата на министерот Дамјан Манчевски поврзана со протестот на македонските оператори во која меѓу другото вели дека со прекинот на телевизиските канали од страна на операторите е направена повреда на членот 115 од Законот за електронски комуникации. -Носечките оператори во земјава претставени преку Здружението на информатичко-комуникациски технологии, остро […]

Јапонија ни го донираше лекот „Авиган“


Преку итна неповратна помош, Јапонија одлучи да обезбеди лекови, Фавипиравир (Авиган) за земји погодени од Ковид-19, во партнерство со УНОПС (Канцеларијата за услуги на проекти на Обединетите нации). Република Северна Македонија од Јапонија доби „Авиган“ за 100 лица, соопштија од Јапонската амбасада во Скопје. За да се избегне ширењето на КОВИД-19, од голема важност е […]

Филипче: Рано е да се отворат градинките


Скринингот на вработените во градинките почна пред повеќе од еден месец, а веќе заврши, но одлука за нивно отворање нема. Министерот за здравство Венко Филипче, вели дека за градинките е рано, заради можност од трансмисија на болеста меѓу децата, со оглед на тоа што бројот на заразени расте, па тие би можеле да се заразат […]

МВР ќе поднесе кривична  пријава против пет лица за орото во Чаир


Секторот за внатрешни работи Скопје до Основното јавно обвинителство во Скопје, ќе поднесе кривична пријава против пет лица – П.Ќ. (50), А.З. (46), Е.Е. (36), Е.Е. (57) и Б.Д. (28) сите од Скопје, поради постоење основано сомнение дека на 24-ти минатиот месец предизвикале опасност од пренесување на вирусот Ковид-19 со што го сториле кривичното дело […]

Во медицинското „Панче Караѓозов“ се полага квалификациски тест


И покрај негодувањата на одредена група родители, со мало задоцнување тестирањето почна, и до овој момент сè уште е во тек. Тестовите се полагаат едноподруго, а се состојат од 15 прашања за секој од двата предемета, изјави за МИА Маја Салиу, директор на средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов“, каде што за насоката медицинска сестра […]

Се отвораат обложувалниците и казината


Утрово на состанокот на Комисијата за заразни болести, се разговарало за попуштање намерките, односно да се дозволи работа на повеќе економски оператори, информира министерот за здравство венко Филипче. Се препорачува отворање на казината и обложувалниците, а до крајот на неделата и фитнес-центрите, рече Филипче. – Донесено е одлука да се отворат казината и автомат клубовите, […]

Во болница се лекуваат 379 пациенти, 87 отсто од пациентите се лекуваат дома


До денеска во болница се 379 пациенти. И покрај тоа што има голем број пациенти во болниците, сепак во болниците има место за нови пациенти. Како што појасни министерот за здравство Венко Филипче, 13 отсто од вкупно заболените се во болница, а 87 отсто се лекуваат дома, односно се асимптоматски. Се опремува лабораторијата во Битола, […]

Нов Зеланд ги заостри мерките поради нови случаи на корона вирус


Нов Зеланд  ја продолжи забраната за влез на крузери во земјата и ги заостри карантинските мерки за посетителите откако се регистрирани нови случаи на заразени со коронавирус.Нов Зеланд беше меѓу првите во светот што ги укина сите ограничувања, откако немаше активни случаи. – Ќе ја продолжиме моменталната забрана за пристигнување крузери, која требаше да заврши на […]

(Видео) Прес на Венко Филипче


Министерот за здравство венко Филипче, закажа прес-конференција денеска во 15.30 часот. На неа треба да ги соопшти најновите статистики во врска со корона вирусот, како и следните чекори во справување со епидемијата. Проследете ја во живо:

Девет починати, нови 90 случаи со Ковид-19, оздравени 48 пациенти


Деветмина починаа во изминатото деноноќие од последиците на ковид-19, соопшти Министерството за здравство, 90 се новозаразени, од кои 36 во Скопје, а оздравеле 48 пациенти. Во последните 24 часа се направени 665 тестирања, а регистрирани се 90 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-36, Куманово-2, Штип-8, Тетово-4, Струга-10, Велес-2, Битола-2, Охрид-13, Гостивар-1, Крушево-1, Кочани-2, Пробиштип-1, Свети […]

Во Србија денеска 96 новозаразени


  Во Србија во последните 24 часа регистрирани се уште 96 нови случаи на корона вирус, а еден пациент почина. Во последното деноноќие тестирани се 5.438 лица. Во моментот во Србија има 731 активен случај, а на респиратор се 19 лица.

Се проверуваат просториите за гласање на предвремените избори на 15 јули


Тимови на ДИК составени од членови, вработени во подрачните канцеларии на Комисијата и претседатели на општинските изборни комисии деновиве се на терен во проверка и утврдување на фактичката состојба на избирачките места и изнаоѓање на соодветни просторни решенија што би ги задоволиле безбедносните и здравствените протоколи и мерки за заштита на гласачите и на изборните […]

Бугарскиот премиер на распит во врска со истрагата за Божков


Бугарскиот премиер Бојко Борисов, министерот за финансии Владислав Горанов и пратеничката Менда Стојанова денеска беа на распит како дел од истрагата против сопственикот на казино Васил Божков, кој е во бегство и кој се товари за финансиски малверзации, соопшти Обвинителството. Божков, кој се смета за еден од побогатите Бугари, ја загуби својата коцкарска империја на […]

Се напаѓаат малолетници и млади луѓе


  Во шест одделни инциденти во Скопје и Демир Капија во последното деноноќие, физички биле нападнати малолетници или млади луѓе. Како што стои во билтенот на МВР, во понеделникот 40 минути по полноќ, во СВР Скопје, А.Р.(40) од Скопје пријавил дека во неделата вечерта, околу 22 часот пред продавница на ул. „393“ во Скопје, неговиот […]

Арсовски ја праша Ангеловска дали купила стан од 100 метри квадратни


Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски,  ја обвини министерката Нина Ангеловска, која на позицијата министер е неполна година, дека изминатиов период купила стан од околу 100 квадратни метри со локација во Градскиот парк во Скопје, во вредност од над 100.000 евра, но не го пријавила во имотниот лист. „На сајтот на антикорупциската комисија во информациите за […]

 Нови четири „бомби“ за Ден Дончев


Три нови аудио и уште една видеоснимка се објавени утрово на Јутјуб, на корисник наречен „Раце лепливи“. На снимките се слуша гласот на поранешниот директор на Фондот за здравство Ден Дончев, кој поднесе оставка на почетокот на кризата со коронавирусот. Аудиоснимките може да се слушнат на следниот линк, на кој е објавена и видеоснимка, од која […]

Во Хрватска денеска има 19 нозозаразени од корона


Бројот на нови случаи во Хрватска за последните 24 часа е 19, со што вкупно има 2.336 пациенти со корона вирус, соопшти Националниот штаб. Најмногу од новозаразените се во Загреб – 9. Досега се тестирани 72 746 лица, од кои 268 во последните 24 часа. На болничко лекување се девет 9 лица. Нема пациенти на […]

Заев ја гледа Македонија во 2024 година со 80 отсто затворени поглавја во преговорите со ЕУ


„Македонија во 2024 година ќе биде европска земја со отворени и затворени 80 отсто од поглавјата со ЕУ, со пријатели кои помагаат и споделуваат искуства, не само со соседите туку целиот демократски свет“, рече денес лидерот на СДСМ Зоран заев, одговарајќи на новинарско прашање, каде ја гледа земјата на крајот на мандатот на идната влада. […]

СЗО: За првиот милион заразени требаа три месеци, последниот милион за само осум дена


Пандемијата на коронавирус продолжува да се забрзува во светот, при што последните милион заразени лица се пријавени за само осум дена, изјави денеска генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус. – Знаеме дека пандемијата е многу повеќе од здравствена криза, тоа е економска, социјална и во многу земји политичка криза. Нејзините последици […]

Набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР почнаа со работа


Набљудувачкиот тим на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, кој во земјава пристигна на 19 јуни, од денеска е подготвен за работа и членовите веќе има средба со Државната изборна комисија, на која беа информирани за текот на изборниот процес. ОБСЕ/ОДИХР на покана на македонската Влада испрати специјална мисија за следење на предвремените парламентарни избори, закажани за 15 […]