Филипче: Рано е да се отворат градинките


Фото: Б. Грданоски

Скринингот на вработените во градинките почна пред повеќе од еден месец, а веќе заврши, но одлука за нивно отворање нема. Министерот за здравство Венко Филипче, вели дека за градинките е рано, заради можност од трансмисија на болеста меѓу децата, со оглед на тоа што бројот на заразени расте, па тие би можеле да се заразат од некој домашен, а потоа да ја пренесат болеста понатаму.

За градинките се уште е рано. Можно е таму да се зголеми трансмисија меѓу децата, од нивните домашни. Но, за сега не се планира отворање на градинките. Подоцна ќе се носи одлука – рече министерот Филипче.

Сепак, министерот не одговори, дали ќе се спроведе уште еден скриниг меѓу вработените во градинките, со оглед на тоа што помина многу време од почетокот на скринингот, а од тогаш наваму бележиме раст на новозаболени.