Се напаѓаат малолетници и млади луѓе


 

Во шест одделни инциденти во Скопје и Демир Капија во последното деноноќие, физички биле нападнати малолетници или млади луѓе.

Како што стои во билтенот на МВР, во понеделникот 40 минути по полноќ, во СВР Скопје, А.Р.(40) од Скопје пријавил дека во неделата вечерта, околу 22 часот пред продавница на ул. „393“ во Скопје, неговиот малолетен син бил физички нападнат од непознато лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во неделата, во 21.27 часот во СВР Скопје, Т.С.(39) од Скопје пријавил дека околу 20.45 часот во парк „Пушкин“ на ул.„Пушкинова“ неговиот малолетен син бил физички нападнат од непознато лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во 22.30 часот во СВР Скопје, И.С.(33) од Скопје пријавил дека околу 22 часот на ул. „Ѓорѓи Казепов“ неговиот малолетен син бил физички нападнат со камен од друго малолетно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во 21 часот во СВР Скопје, Н.Д.(32) од Скопје пријавил дека околу 20.30 часот во село Студеничани, Скопско неговиот малолетен син бил физички нападнат од А.З.(19) и 17-годишен малолетник, двајцата од истото село. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во понеделникот околу 1 часот по полноќ во СВР Скопје, И.И.(21) од Скопје пријавил дека петнаесет минути пред полноќ, во училишен двор во населба Колонија во Скопје бил физички нападнат од К.З., А.Т., И.Б. и З.К. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во неделата, околу 15 часот во Полициската станица Демир Капија било пријавено дека кај место викано „Дошница – Вирови“, Демир Капија, Х.И.(19), П.М.(18) и С.Ѓ., по вербална расправија, биле физички нападнати од повеќе лица од Демир Капија, а со камења го оштетиле нивното возило. По целосно документирање на случајот ке биде поднесена соодветна пријава.