Заев ја гледа Македонија во 2024 година со 80 отсто затворени поглавја во преговорите со ЕУ


СДСМ е фаворит на изборите кога и да се случат, сега тоа ѝ е јасно на целокупната јавност, убеден е Зоран Заев (Фото: Борис Грданоски)

„Македонија во 2024 година ќе биде европска земја со отворени и затворени 80 отсто од поглавјата со ЕУ, со пријатели кои помагаат и споделуваат искуства, не само со соседите туку целиот демократски свет“, рече денес лидерот на СДСМ Зоран заев, одговарајќи на новинарско прашање, каде ја гледа земјата на крајот на мандатот на идната влада.

Тој рече дека во наредните четири години земјата да покаже огромни успеси на домашен план, како што тоа беше направено на меѓународен план во иззминатиот период.

„Следниот четиригодишен период е посветеност дома, на економијата, на реформи на институциите, на владеење на правото, на уште посилен здравствен систем кој ќе го почитуваме сите и ќе го јакнеме за сите, со обраазование кое што е неопходно и заради економија и заради здравството и заради правната држава, со јакнење на сите реформи кои што ќе доведат да имаме инситуции кои што ќе им служат на сите“, рече Заев.

Тој исто така рече дека во наредниот период ќе се псвети и на прашањето на намалување на бирократијата со мерки за „чек енд баланс“, коректори и во правосудниот систем, како и ослободување на 20 отсто од администрацијата и нивно целосно насочување во приватниот сектор, за како што рече „да создадеме држава која што ќе биде гордост на сите“, а граѓаните иднината да ја бараат дома, а не надвор.

Тој исто така нагласи дека тоа ќе придонесе инвеститорите да продолжат да инвестираат, како домашните, така и странските, отворајќи работни места, но со достоинствени плати.

„Покажавме дека може и тоа во време кога се решија најкрупните прашања за нашата држава и за иднината на нашата држава. Сега сме членка на НАТО, ќе се отворат поглавјата со ЕУ, за да може успешно да ги совладуваме, останува да се фокусираме дома и да покажеме сите заедно колку имаме капацитет, на чело со извршната власт предводена од СДСМ“, рече Заев. (М.Ј.)