Во болница се лекуваат 379 пациенти, 87 отсто од пациентите се лекуваат дома


До денеска во болница се 379 пациенти. И покрај тоа што има голем број пациенти во болниците, сепак во болниците има место за нови пациенти.

Како што појасни министерот за здравство Венко Филипче, 13 отсто од вкупно заболените се во болница, а 87 отсто се лекуваат дома, односно се асимптоматски.

Се опремува лабораторијата во Битола, каде ќе се дијагностицираат пациентите од градот и од регионот, за да се растовари лабораторијата во Институтот за јавно здравје.

Министерот Филипче, рече дека персоналот е преморен, но се вршат ротации, со цел да им се лдаде оддишка на здравствените работници.

Без помош од граѓаните тие нема да можат да издржат, порача Филипче.

Во последните денови, пациентите кои се регистрирани најмногу во Скопје и Тетово, со што се потврдува дека овие два града се жаришта, а во другите градови има далеку помалку нови случаи.

– Од анализата на случаите, според извештајот од вкупниот број на позитивни случаи од 12-ти до 20-ти јуни, најголем дел се од Скопје и Тетово. Тие два града се најголеми жаришта во државата. Во овие 7 дена заболени се пациенти на сите возрасни групи, најзастапена е онаа над 60 години, 24,2% а секако има и помлади лица заболени.
Во однос на статистика за смртни случаи, во овој период најголем дел се на возраст над 63 години (83%), а останатите се со бројни хронични заболувања – рече Филипче. (Б.Б.)