Арсовски ја праша Ангеловска дали купила стан од 100 метри квадратни


За екстра лесното гориво пристапот не е анти-кризна мерка туку системско и долгорочно решение: Нина Ангеловска

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски,  ја обвини министерката Нина Ангеловска, која на позицијата министер е неполна година, дека изминатиов период купила стан од околу 100 квадратни метри со локација во Градскиот парк во Скопје, во вредност од над 100.000 евра, но не го пријавила во имотниот лист.

„На сајтот на антикорупциската комисија во информациите за имотот на функционерите, односно конкретно за имотот на министерката Нина Ангеловска ќе видите дека таа нема пријавено и не поседува никаков стан“, додаде Арсовски, кој истакна дека поради ваквата ситуација се наметнуваат неколку прашања.

„Дали Нина Ангеловска сака да го изигра законот и да го сокрие станот со кој се стекнала изминатиов период?“, јавно праша портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ и подвлече дека министерката е должна и има законска обврска даѝ објасни на јавноста зошто го крие станот и вклучително на кој начин е стекнат овој стан.