Девет починати, нови 90 случаи со Ковид-19, оздравени 48 пациенти


Фото: Б. Грданоски

Деветмина починаа во изминатото деноноќие од последиците на ковид-19, соопшти Министерството за здравство, 90 се новозаразени, од кои 36 во Скопје, а оздравеле 48 пациенти.

Во последните 24 часа се направени 665 тестирања, а регистрирани се 90 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-36, Куманово-2, Штип-8, Тетово-4, Струга-10, Велес-2, Битола-2, Охрид-13, Гостивар-1, Крушево-1, Кочани-2, Пробиштип-1, Свети Николе-2, Ресен-6.

Починати се девет лица од кои пет од Скопје, двајца пациенти од Тетово, еден од Охрид и еден пациент од Гостивар.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 48 оздравени пациенти од: Скопје-9, Штип-30, Тетово-1, Велес-1, Гостивар-4, Струмица-1, Кочани-1, Пробиштип-1, соопшти Министерството за здравство.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (90 г.), хоспитализиран на 15 јуни. На Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ е починат пациент од Скопје (64 г.).

Во ГОБ „8 Септември“ починаа пациентка (70 г.) од Скопје, хоспитализирана на 10 јуни,  пациент (61 г.) од Гостивар, хоспитализиран на 17 јуни и пациент од Скопје (57 г.), примен на 17 јуни. На барање на семејството е испишан од болница пациент од Скопје (64 г.), кој починал во кола по заминувaњето. Хоспитализиран бил на 17 јуни во тешка состојба како сомнителен на Ковид, а потврден позитивен по приемот.

Во Клиничката болница во Тетово починати се две лица, пациент (60 г.), хоспитализиран на 20 јуни и пациентка (70 г.), хоспитализирана на 15 јуни. Во Општата болница во Охрид вчера е починат пациент (64 г.), чиј позитивен резултат е потврден денеска.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5.196, бројката на оздравени пациенти е 1.974, на починати е 247 а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.975.

Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

•       Скопје 2.534, активни 1.721
•       Куманово 694, активни 241
•       Дебар 82, активни 30
•       Штип 275, активни 188
•       Прилеп 231, активни 18
•       Тетово 538, активни 326
•       Струга 180, активни 100
•       Велес 167, активни 33
•       Битола 42, активни 13
•       Охрид 112, активни 92
•       Кавадарци 11, активни 6
•       Гостивар 83, активни 50
•       Гевгелија 9, активни 5 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
•       Струмица 10, активни 6
•       Крива Паланка 11, активни 5
•       Радовиш 4,
•       Крушево 6, активни 3
•       Кочани 61, активни 27
•       Пробиштип 13, активни 10
•       Демир Хисар 1,
•       Македонски Брод 3, активни 1
•       Пехчево 5, активни 2
•       Берово 2, активни 1
•       Валандово 6, активни 4
•       Виница 3,
•       Делчево 1,
•       Кратово 4, активни 2
•       Свети Николе 16, активни 14
•       Кичево 8, активни 5
•       Ресен 65, активни 64
•       Неготино 19, активни 8 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 665 теста се преку: ИЈЗ –217, ЦЈЗ Скопје-34, МАНУ -189, Клиника „Жан Митрев“ -106 и Систина  со PCR метода (за вчера и денес)-119 . Досега во земјата се направени вкупно 51.885 тестирања на ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 13 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 106 пациенти од кои на кислородна поддршка се 49 пациенти и нема пациенти на механичка вентилација.

Во монтажната болница се хоспитализирани 11 пациенти, во болницата во Козле еден возрасен пациент, позитивен на Ковид-19.

До изутрината во ГОБ „8 Септември“ примени се 12 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 132 пациенти од кои на респираторна машина се шест пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 33 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 20 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 76 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

•       Чаир – 394
•       Аеродром – 135
•       Бутел – 144
•       Гази Баба – 156
•       Центар – 137
•       Карпош – 116
•       Сарај – 137
•       Кисела Вода – 98
•       Ѓорче Петров – 83
•       Студеничани – 86
•       Шуто Оризари – 73
•       Арачиново – 55
•       Илинден – 31
•       Петровец – 14
•       Чучер Сандево – 16
•       Сопиште – 13
•       Зелениково-2
•       Странец – 4
•       Нераспределен-4.