Јапонија ни го донираше лекот „Авиган“


Преку итна неповратна помош, Јапонија одлучи да обезбеди лекови, Фавипиравир (Авиган) за земји погодени од Ковид-19, во партнерство со УНОПС (Канцеларијата за услуги на проекти на Обединетите нации). Република Северна Македонија од Јапонија доби „Авиган“ за 100 лица, соопштија од Јапонската амбасада во Скопје.

За да се избегне ширењето на КОВИД-19, од голема важност е да се развие лек за вирусот. Ефективноста на „Авиган“ сѐ уште не е потврдена, но многу земји, вклучувајќи ја и Република Северна Македонија покажаа интерес за овој лек посочуваат од Амбасадата и додаваат дека Јапонија сака да го прошири клиничкото истражување за „Авиган“ заедно со Република Северна Македонија и други земји.

Се претпоставува дека „Авиган“ има контраиндикации за деформации и затоа здравствените институции треба соодветно да го препишат и користат, стои во соопштението од Јапонската амбасада.