Се отвораат обложувалниците и казината


Утрово на состанокот на Комисијата за заразни болести, се разговарало за попуштање намерките, односно да се дозволи работа на повеќе економски оператори, информира министерот за здравство венко Филипче.

Се препорачува отворање на казината и обложувалниците, а до крајот на неделата и фитнес-центрите, рече Филипче.

– Донесено е одлука да се отворат казината и автомат клубовите, да профункционира јавен превоз во Тетово и кон крајот на оваа недела и отворање на теретани и фитнес центри, со веќе утврдени протоколи – рече Филипче.

За отворање на границите дополнително ќе се раговара.