Од среда специјален протокол и задолжителен образец и баркод за сите туристи во Грција


Специјален образец со лични податоци, траење и адреса на престојот во Грција, ќе треба задолжително да имаат пополнето најмалку 48 часа пред пристигнувањето, сите оние кои од 1 јули планираат да патуваат во Грција, без разлика дали со авион, со брод или преку копнените граници, а ќе добијат единствен баркод (QR) според кој ќе се […]

Сега и претседателот Вудро Вилсон станува проблем во САД


Универзитетот Принстон во САД објави план за отстранување на името на поранешниот американски претседател Вудро Вилсон од името на својот факултет за јавна политика, поради неговите сегрегациски ставови и со тоа ја смени одлуката донесена пред четири години. Во писмо испратено до тој факултет, претседателот на Принстон, Кристофер Ајсгрубер, наведува дека одборот на директори заклучил […]

Популарниот шведски бренд за облека со голема загуба во последниот квартал


Шведскиот бренд за облека, „Хенес и Мауриц“ (H&M) во петокот соопшти дека вториот квартал годинава го завршил со голема нето загуба и со значајно пониски приходи од очекуваните како резултат на пандемијата на коронавирус. Во периодот што заврши во мај компанијата работела со нето загуба од 4,99 милијарди шведски круни (околу 534 милиони американски долари). […]

Швајцарија: Позитивен на КОВИД-19 испрати во карантин 300 гости на ноќен клуб


Речиси 300 гости и вработени во ноќен клуб во Цирих се сместени во десетдневен карантин, откако еден посетител беше тестиран позитивен на коронавирус и се покажа дека зарази други луѓе, јавија агенциите. Според извештаите, човекот го посетил клубот на 21 јуни, а на 25 јуни се тестирал позитивен на КОВИД-19. Вирусот е пронајден и кај […]

Знаел ли Трамп дека Русија плаќала Талибанци да убиваат Американци?


Белата куќа негираше дека претседателот Доналд Трамп бил известен од американските разузнавачки информации дека руската војска им понудила награди на милитантите поврзани со талибанците за убиство на американски војници во Авганистан, додека кандидатот за претседател на демократите, Џо Бајден го критикуваше Трамп дека не презел акција против Москва. Во соопштението на Белата куќа се вели […]

Пораст на профитите на кинеските компании, прв пат по шест месеци


Профитот на кинеските индустриски компании се зголемил за шест отсто во мај, односно за 82,28 милијарди долари, откако во април се намалил за 4,3 проценти. Ова е најголем месечен пораст од март 2019 година, јави Ројтерс. Инаку, овој пораст на профитот на кинеските компании е прв по шест месеци, што е сигнал за економско закрепнување […]

Шекеринска: ВМРО-ДПМНЕ земајќи провизии заборавија на клучки и тунели


Ние до крајот на 2021 година ќе можеме да кажеме дека функционира автопатот Кичево –Охрид.После четири години фрлени  во ветар од ВМРО-ДПМНЕ, си ја земавме работата во свои раце, истакна носителката на кандидатската листа на коалицијата „Можеме“ во Изборната единица 5, заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска, синоќа на граѓанската трибина на коалицијата „Можеме“ во […]

Полицијата да не се става во служба на политички партии на изборите


Македонскиот полициски синдикат го повика своето членство за време на изборите да ја задржи професионалноста и да не се става во служба на политичките партии. -Секојдневно покажувате на дело како се сака татковината и како се извршува службата.Исправени гордо пред браникот на нашата држава ја манифестирате вашата човечност и саможртва оставајќи пример за идните генерации, […]

„Ролинг Стоунс“ до Трамп: Ќе те тужиме ако користиш наши песни во кампањата


САД–  „Ролинг Стоунс“ го предупредија американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе го тужат доколку тој продолжи да користи нивни песни на митинзи за време на кампањата. Во соопштение на правниот тим на легендарниот бенд се вели дека е воспоставена соработка со организацијата БМИ, што се занимава со заштита на авторските права, со цел да се […]

Брисел: На донаторска конференција собрани преку шест милијарди евра


Белгија – На втората меѓународна донаторска конференција за борба против коронавирусот, свикана од претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лаејн, беа собрани 6,15 милијарди евра од Европската унија, САД и други држави. Европската комисија заедно со Европската инвестициска банка за борба против Ковид-19 ветија дека ќе дадат 4,9 милијарди евра, Германија 383 милиони евра, САД […]

Ѕампини : Државата да преземе мерки за подготовка на работните места за можно повторно враќање на вирусот


Даниела Ѕампини, виш специјалист за вработување, од Меѓународна организација на трудот во интервју за МИА вели дека ако во периодот на мерки за изолација и ограничено движење поради кризата предизвиката од коронавирусот, беше потребно да се стави акцент на зачувување на работниот однос и одржување на работните места и приходи, сега во фазата на реактивација, […]

Бројот на новозаразени со Ковид-19 и натаму трицифрен, најмногу активни случаи во Скопје


Бројот на новозаболените од Ковид-19 во земјава и натаму останува троцифрен. Само во изминатото деноноќие регистрирани беа нови 150 заразени, 30 оздравени и дури девет починати лица. Скопје останува со најмногу заразени, со тоа што вчера во градот беа регистрирани нови 93 случаи. Од направените 1086 тестирања вчера, регистрирани се 150 нови случаи на Ковид-19 […]

Универзитетот „Принстон“ ќе го отстрани името на Вудроу Вилсон од школата за јавна политика и од колеџот


Според Универзитетот, расистичкото размислување и политиките на Вилсон го прават несоодветен по него да се именува училиште Универзитетот „Принстон“ ќе го отстрани името на претседателот Вудроу Вилсон од својота школа за јавна политика и од колеџот, се вели во соопштението во саботата, јави „Си-Ен-Ен“. Одборот на Универзитетот „Принстон“ гласаше во петокот да ја преименуваат школата […]

„Мислевме дека ова е само респираторен вирус“


Научниците сега откриваат дека Ковид-19 ги напаѓа панкреасот, срецто, црниот дроб, мозокот, бубрезите и други органи. Овој вирус изгледа пострашен од сите други   ЧИКАГО – Научниците само што почнаа да ја сфаќаат огромната низа здравствени проблеми предизвикани од новиот корона вирус, од кои некои може да имаат долготрајни ефекти врз пациентите и здравствените системи […]

Полска утре излегува на избори на голем тест за претседателот и популизмот


Сегашниот претседател Анджеј Дуда води во анкетите, но изгледа нема да освои 50 отсто од гласовите за победа во првиот круг. Вториот круг за 14 дена ќе биде целосно неизвесен   ВАРШАВА – Десничарскиот претседател на Полска, Анджеј Дуда, се бори за втор мандат на изборите в недела, на кои ќе биде тестирано дали му […]

Заев: Никој не смее да ги омаловажува здравствените работници


На предизборната трибина на СДСМ во скопската општина Центар, лидерот на партијата, Зоран Заев, рече дека прифаќа тој да биде обвинет и за одложувањето на Олимпијадата во Токио, но нема да прифати некој да се осмели да ги омаловажува здравствените работници во време на корона кризата, алудирајќи на ВМРО-ДПМНЕ. „Еве, Мицкоски вели јас го донесов […]

Меси со 11 асистенции најдобар во водечките пет лиги во Европа


Најдобриот фудбалер на „Барселона“, Лионел Меси забележа две асистенции во натпреварот од 32. коло на Ла Лига со Селта Виго (2:2). И во двата случаи Аргентинецот му асистираше на Луис Суарез – во 20. и 67. минута. Меси со овие две асистенции има вкупно 11. Аргентинецот води во оваа статистичка категорија меѓу играчите во најдобрите […]

Мицковски најавува процес против Заев по 15 јули


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со Игор Јанушев носител на Изборната единица 3 денеска ја посетија Општина Зрновци, од каде порача дека треба голема победа за ВМРО-ДПМНЕ, за како што рече, да нема уцени или закани, за да нема притисоци, пазарења и трговија. „Голема победа за многу повеќе за земјоделците отколку за неранимајковците. За […]