„Ролинг Стоунс“ до Трамп: Ќе те тужиме ако користиш наши песни во кампањата


САД–  „Ролинг Стоунс“ го предупредија американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе го тужат доколку тој продолжи да користи нивни песни на митинзи за време на кампањата.

Во соопштение на правниот тим на легендарниот бенд се вели дека е воспоставена соработка со организацијата БМИ, што се занимава со заштита на авторските права, со цел да се запре неовластената употреба на нивната музика, кави Би-би-си.

БМИ, во име на Стоунс, го известила тимот на Трамп дека употребата на нивните песни без дозвола ќе биде кршење на договорот за лиценца и ќе биде предмет на правна постапка.

Трамп ја искористи песната „You Can’t Always Get What You Want “ за време на неодамнешниот изборен митинг во Тулса, Оклахома. Истата песна ја искористи и за време на кампањата во 2016 година.