Заев: Никој не смее да ги омаловажува здравствените работници


На предизборната трибина на СДСМ во скопската општина Центар, лидерот на партијата, Зоран Заев, рече дека прифаќа тој да биде обвинет и за одложувањето на Олимпијадата во Токио, но нема да прифати некој да се осмели да ги омаловажува здравствените работници во време на корона кризата, алудирајќи на ВМРО-ДПМНЕ.

„Еве, Мицкоски вели јас го донесов вирусот во Македонија за да не може тој да собира народ на митинзи. Еве и Олимпијадата се одложи заради мене, исто како што се одложи и Евровизија заради мене. Еве, сето ова ќе го прифатам како моја вина, но нема да прифатам да не се почитуваат здравствените работници. Тие гинат по 24 часа на ден за нашето здравје, борејќи се за секој човек. Тие се професионалци, најголем дел не ги интересира политика, туку ги интересира нивната благородна професија. Знам дека се изморени, дека работат со последни сили и знам дека најмногу ќе им помогнеме ако ги почитуваме лекарските препораки за заштита на здравјето“, рече Заев.

На трибината беа преставени носителите во првата изборна единица, Никола Димитров и Мила Царовска.