Меси со 11 асистенции најдобар во водечките пет лиги во Европа


Најдобриот фудбалер на „Барселона“, Лионел Меси забележа две асистенции во натпреварот од 32. коло на Ла Лига со Селта Виго (2:2).

И во двата случаи Аргентинецот му асистираше на Луис Суарез – во 20. и 67. минута.

Меси со овие две асистенции има вкупно 11. Аргентинецот води во оваа статистичка категорија меѓу играчите во најдобрите пет лиги во Европа.

На второ место е Томас Мулер од Баерн (10 асистенции), а по нив следуваат Анхел Ди Марија од ПСЖ, Џејдон Санчо од Борусија и Винченцо Грифо од Фрајбург, сите со по седум асистенции.