Шекеринска: ВМРО-ДПМНЕ земајќи провизии заборавија на клучки и тунели


Ние до крајот на 2021 година ќе можеме да кажеме дека функционира автопатот Кичево –Охрид.После четири години фрлени  во ветар од ВМРО-ДПМНЕ, си ја земавме работата во свои раце, истакна носителката на кандидатската листа на коалицијата „Можеме“ во Изборната единица 5, заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска, синоќа на граѓанската трибина на коалицијата „Можеме“ во Кичево.

Таа нагласи дека за автопатот Кичево – Охрид, ВМРО-ДПМНЕ зборуваа и беа заинтересирани само за провизии и ги земаа. Инаку, како што рече, како мислите дека Груевски живее толку долго во Будимпешта, како мислите дека Белата палата толку лесно се одржува?

– Бидејќи мислеа само на провизиите, не мислеа за ситници од типот проект, од типот тунели, од типот квалитет на тлото, од типот на клучки, нагласи Шекеринска.

Таа додаде дека проектот имал се, само не техничка документација.