Знаел ли Трамп дека Русија плаќала Талибанци да убиваат Американци?


Белата куќа негираше дека претседателот Доналд Трамп бил известен од американските разузнавачки информации дека руската војска им понудила награди на милитантите поврзани со талибанците за убиство на американски војници во Авганистан, додека кандидатот за претседател на демократите, Џо Бајден го критикуваше Трамп дека не презел акција против Москва.

Во соопштението на Белата куќа се вели дека ниту претседателот ниту потпретседателот Мајк Пенс не биле известени за наводната награда на руското разузнавање.

Според Њујорк Тајмс, руската воена разузнавачка служба понудила награди за успешни напади врз американски и сојузнички трупи минатата година, како и дека исламските милитанти и нивните вооружени сојузници добиле пари на тој начин.

„Њујорк Тајмс“ тврди дека Трамп добил известување за тоа, но не одобрил да се преземат мерки како одговор на таквото однесување на Русија.