Денеска ќе се знае дали ќе има олеснување на мерките


Трендот на нови случаи со Ковид-19, чиј број вчера изнесуваше 20, а завчера 36, ќе биде разгледуван денеска на состанок на Комисијата за заразни болести, по што ќе бидат дадени нови препораки до Владата за натамошно постапување во однос на воведените мерки за заштита од ширење на коронавирусот и според тоа, ќе се знае дали …

Денеска ќе се знае дали ќе има олеснување на мерките Read More »

Американскиот потпретседател Мајк Пенс е во самоизолација


САД – Американскиот потпретседател, Мајк Пенс, се наоѓа во самоизолација, надвор од Белата куќа, откако беше потврдено дека неговиот портпарол е заразен со коронавирусот, пренесува Блумберг, повикувајќи се на тројца неименувани извори запознаени со ситуацијата. Пенс, во саботата,  не присуствуваше на состанокот со  претседателот Доналд Трамп и восоко рангираните воени претставници. Еден од изворте на Блумберг …

Американскиот потпретседател Мајк Пенс е во самоизолација Read More »

Сончево и топло со мала облачност, температурата до 30 степени


Времето ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено и засилен ветер од југоисточен правец. УВ индексот ќе биде 7, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Утринската температура ќе се движи од 6 до 12 степени, а дневната од 22 до 30 степени. Во Скопје и …

Сончево и топло со мала облачност, температурата до 30 степени Read More »

Виенскиот институт ја влоши прогнозата: Македонија со пад на БДП од 5 отсто


Економскиот пад предизвикан од корона вирусот во сите 23 земји во Источна Европа ќе биде полош од оној во 2009 година, како резултат на светската финансиска криза Мирче Јовановски Виенскиот институт за меѓународни економски студии во најновата прогноза објавена во четвртокот, предвидува пад на македонскиот домашен бруто производ за 5 отсто оваа година. Во претходната …

Виенскиот институт ја влоши прогнозата: Македонија со пад на БДП од 5 отсто Read More »

Американските фармери фрлаат илјадници тони храна и млеко поради ниската побарувачка


Коронакризата во САД предизвика и криза во земјоделието, производителите на храна, како житарици, месо, млеко и млечни производи се соочуваат со огромни тешкотии во пласманот на своите производи, јави дописникот на МИА од Вашингтон. Американските медиуми деновиве пренесуваат слики на очајни фармери од Минесота, Ајдахо, Индијана и други сојузни држави, каде тони месо, компири или …

Американските фармери фрлаат илјадници тони храна и млеко поради ниската побарувачка Read More »

Борис Тадиќ: Идејата за бојкот на изборите се распадна


Пандемијата со корона вирусот ги промени работите, па сега опозицијата која е против Вучиќ треба да најде „нов одговор“, вели Тадиќ. Тој мисли на предлогот за формирање „Листа за бојкот“, што би значело продолжување на „бојкотот на институциите по изборите“   Идејата за бојкот на изборите се распадна, а прашањето е дали Сојузот за Србија …

Борис Тадиќ: Идејата за бојкот на изборите се распадна Read More »

Поголеми царини за земјите што не ги почитуваат стандардите на ЕУ


Франција и Холандија заеднички ја повикаа Европската унија да ја зајакне примената на еколошките и трудовите стандарди во земјите со кои спроведува трговска размена. Иницијативата дојде откако ЕУ ги започна преговорите со Велика Британија за нов трговски договор, по нејзино повлекување од Унијата и загриженоста дека Лондон би можел да се обиде да ги заобиколи …

Поголеми царини за земјите што не ги почитуваат стандардите на ЕУ Read More »

Англија воведува систем за предупредување на Ковид-19


Британскиот премиер Борис Џонсон денеска ќе го презентира специјалниот систем за предупредување на новиот коронавирус во Англија, јави Би Би Си. Системот ќе ја рангира заканата од коронавирус од 1 до 5, а рангирањето ќе се менува во зависност од податоците. Засега системот ќе се применува само во Англија. Системот ќе варира од зелено ниво …

Англија воведува систем за предупредување на Ковид-19 Read More »

Претседателката на ЕК најави можност за почнување правна постапка против Германија


Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека правото на ЕУ е надредено на правата на националните држави и дополни дека е можна постапка против Германија поради поткопување на европскиот правен поредок. Реакцијата доаѓа откако германскиот уставен суд го доведе во прашање првенството на највисокиот суд на ЕУ, преиспитувајќи ја стимулативната програма …

Претседателката на ЕК најави можност за почнување правна постапка против Германија Read More »

Во Италија прв пат од март помалку од 1.000 новозаразени, 165 починаа


  Во Италија од корона вирус во последните 24 часа починаа 165 пациенти, што е за околу 30 помалку од вчера. Потврдени се 802 нови случаи, што е за околу 300 помалку отколку во саботата, соопшти денеска Агенцијата за цивилна заштита. Овој број од 9 март наваму е најмал и кај новозаболените и кај починатите, …

Во Италија прв пат од март помалку од 1.000 новозаразени, 165 починаа Read More »

Турција наскоро очекува туристи, 132 критериуми за хотелите и рестораните


Турција воспоставува посебни хигиенски мерки за да се подготви за враќање на туристите, изјави денеска турскиот министер за култура и туризам Мехмет Есрој за Си Ен Ен Турк. Тој дополни дека ќекор по чекор, до крајот на мај, ќе бидат укинати ограничувањата за патување во рамки на државата, а постепено ќе се воведуваат и меѓународни …

Турција наскоро очекува туристи, 132 критериуми за хотелите и рестораните Read More »

Македонското МНР им се извини на граѓаните на Србија, БиХ, Црна Гора и Хрватска за погрешната поштенска марка


Министерството за надворешни работи за МИА потврди дека преку вршителот на работи во амбасадата во Белград упати извинување до српските власти во врска со грешката направена во АД „Пошта на Северна Македонија“, истакнувајќи дека е направен ненамерен дизајнерски пропуст за којшто веќе се преземени соодветни чекори. Донесени се одлуки за повлекување од употреба на спорната …

Македонското МНР им се извини на граѓаните на Србија, БиХ, Црна Гора и Хрватска за погрешната поштенска марка Read More »

Голем пожар во близина на аеродромот во Берлин


Голем пожар избувна во северен Берлин, во близина на аеродромот Тегел. Горат складишта и засега нема информации за евентуални жртви. Според градската противпожарна служба, причините за пожарот сè уште не се познати. „Изгореа неколку магацини. 110 пожарникари се борат со пожарот, кој ги зафати магацините од речиси сите страни“, соопшти преку Твитер противпожарната служба. Од …

Голем пожар во близина на аеродромот во Берлин Read More »

„Џонсон и Џонсон“ планира да прозиведе милијарда вакцини против корона


Фармацевтската компанија „Џонсон и Џонсон“ планира следната година да произведе милијарда вакцини против новиот корона вирус. Ова го најави претставник на компанијата Пол Стофелс кој рече дека клиничките тестирања на вакцината ќе почнат во септември, пренесе Си-ен-ен. „Се надевам дека резултати ќе имаме до крајот на годината“, рече Стофелс и додаде дека до тогаш би …

„Џонсон и Џонсон“ планира да прозиведе милијарда вакцини против корона Read More »

Турски фудбалер си го уби 5-годишниот син – никогаш не го сакал


Фудбалерот на Бурса Јилдиримспорт Сехер Токташ, го убил својот петтогодишен син. Детето кон крајот на април било однесено во болница со респираторни проблеми и корона вирус, а со него во собата бил таткото. Само два часа подоцна лекарите констатирале смрт, а дури по две недели откриена е вистината дека детето го убил Токташ. „Ја ставив …

Турски фудбалер си го уби 5-годишниот син – никогаш не го сакал Read More »

Кластери


РУДИ ЛАЗАРЕВСКИ   Евидентно е дека отворањето на животот е за спас за економијата од колапс, во однос на реалното (не)намалување на ризикот од пандемијата. Нема протокол во светот кој може да гарантира контрола на ризиците од карантинските олеснувања.          Без ралика што веќе нема ништо да биде исто, животот мора да продолжи во какви-такви …

Кластери Read More »

Лесковац: Синот со секира ги убил, таткото, неговата сопруга, сестрата и дете


Четирикратно убиство се случи попладнево околу 14.30 часот во Лесковац, Србија. Меѓу жртвите се маж, неговата ќерка (19), која била трудна, вонбрачната сопруга на мажот и нејзиното дете на возраст од 12 години. Според полицијата, убиството го извршил синот на мажот, на возраст од 22 години, кој бил лекуван психијатриски болен човек. Соседите не слушнале …

Лесковац: Синот со секира ги убил, таткото, неговата сопруга, сестрата и дете Read More »

Од утрово отворени границите на Хрватска, но со придржување до препораките


Границите на Хрватска од утрово се отворени, а според таа одлука, на хрватските граѓани им е дозволено да доаѓаат, односно да заминуваат во странство, почитувајќи ги општите и посебните препораки на Хрватскиот институт за јавно здравје. Кризниот штаб појасни дека граѓаните на земјите-членки на ЕУ и членовите на нивните семејства, како и граѓани на трети …

Од утрово отворени границите на Хрватска, но со придржување до препораките Read More »

Руски институт: Веројатноста за зараза со корона вирус на море или езеро е минимална


Веројатноста за зараза со корона вирус при топло време во отворени води или езера е минимална, соопшти Централниот истражувачки институт за епидемиологија на Русија, пренесе ТАСС. – Коронавирусот е респираторен вирус кој предизвикува акутни респираторни вирусни инфекции. Тој се пренесува од човек на човек преку воздушни капки и заразени површини. Во однос на отворените води, …

Руски институт: Веројатноста за зараза со корона вирус на море или езеро е минимална Read More »

САД одобрија нов тест за антитела на корона вирус


Американската Агенција за храна и лекови при Министерството за здравство одобри користење на нов тест за откривање антитела на новиот корона вирус, соопшти прес службата на Агенцијата. Тестот е расработен од американската компанија Квидел (Quidel). Тестот покажува резултати за неколку минути откако ќе се земе примерок од носната слузница. Овој тест на антитела е третиот …

САД одобрија нов тест за антитела на корона вирус Read More »