Турски фудбалер си го уби 5-годишниот син – никогаш не го сакал


Фудбалерот на Бурса Јилдиримспорт Сехер Токташ, го убил својот петтогодишен син.

Детето кон крајот на април било однесено во болница со респираторни проблеми и корона вирус, а со него во собата бил таткото.

Само два часа подоцна лекарите констатирале смрт, а дури по две недели откриена е вистината дека детето го убил Токташ.

„Ја ставив перницата на лицето на својот син кој лежеше на грб. Притискав 15-тина минути без подигнување, додека мојот син цело време се бореше. Кога престана да дише, ја подигнав перницата. Тогаш ги викнав лекарите да му помогнат за да отфрлат секаков сомнеж“, рекол Токташ и сите ги оставил во шок.

Како ричина навел дека никогаш не го сакал своето дете.

„Никогаш не го сакав мојот најмал син, уште од неговото раѓање. Не знам зошто не го сакам. Единствена причина зошто го убив е дека не го сакав, а немам ментални проблеми“, изјавил фудбалерот.

Секако, Токташ е уапсен и според турските закони се очекува да биде казнет со доживотен затвор.

Тамошните медиуми пренесуваат дека кариерата ка поминал во највисок ранг во повеќе турски тимови.