Поголеми царини за земјите што не ги почитуваат стандардите на ЕУ

STRASBOURG, FRANCE - JANUARY 27: The British Union Jack flag (R) is displayed amongst European Union member countries' national flags inside of the European Parliament on January 27, 2020 in Strasbourg, France. The United Kingdom is set to depart the European Union on January 31, entering a transition period in which it will negotiate a new trade agreement with the bloc. (Photo by Thomas Niedermueller/Getty Images)

Франција и Холандија заеднички ја повикаа Европската унија да ја зајакне примената на еколошките и трудовите стандарди во земјите со кои спроведува трговска размена.

Иницијативата дојде откако ЕУ ги започна преговорите со Велика Британија за нов трговски договор, по нејзино повлекување од Унијата и загриженоста дека Лондон би можел да се обиде да ги заобиколи еколошките и трудови стандарди на ЕУ за да ја зголеми својата конкурентност.

Во заедничкиот предлог, во кој имал увид Ројтерс, испратен до останатите земји од ЕУ, министрите за трговија на Франција и Холандија побараа од Европската комисија да ги зголеми тарифите за оние трговски партнери кои не ги исполнуваат своите обврски во врска со одржливиот развој, како и да ги намалат царините. за оние за кои ова не е случај, пренесува Њујорк Тајмс.

Овој документ ја повикува Европската комисија почесто да ги известува членките на ЕУ за влијанието на трговските договори врз домашните индустрии и на пазарот на труд.