Сончево и топло со мала облачност, температурата до 30 степени


Времето ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено и засилен ветер од југоисточен правец. УВ индексот ќе биде 7, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура ќе се движи од 6 до 12 степени, а дневната од 22 до 30 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со утринска температура до 10 степени, а дневна до 30 степени.