Шефот на НАСА задолжен за летови со човечки екипаж поднесе оставка


Шефот на Одделот за човечкиот вселенски летови на НАСА, Даг Ловеро синоќа поднесе оставка, една недела пред агенцијата да ги исорати астронаутите од САД на Меѓународната вселенска станица (ISS) за првпат од 2011 година. Во е-маил до колегите, Ловеро не ја наведе точната причина зошто заминува, истакнувајќи дека заминува „заради лични постапки“ и ризиците што […]

Курц најави контрапредлог на планот на Меркел и Макрон за економијата на ЕУ


Австрискиот канцелар Себастијан Курц најави дека ќе претстави поинаков предлог за обновување на економијата на ЕУ од оној договорен меѓу германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон. Во изјава за весникот „Оберестерајхише Нахрихтен“, Курц рече дека Австрија сака да покаже солидарност со земјите кои биле особено погодени од кризата, но дека тој верува […]

Проветрувајте и дезинфицирајте откако ќе си заминат гости од вашиот дом


Раководителот на француската јавна здравствена служба, Жером Соломон, изјави дека граѓаните, доколку поканат гости дома, треба да носат маски, а подоцна да го проветруваат домот и да ги дезинфицираат контактните површини. На прес-конференција, прва по олеснувањето на мерките на 11 мај, тој ги предупреди Французите да ја почитуваат физичката дистанца кога се дружат со пријателите. […]

Партијата на Макрон загуби мнозинство во Парламентот


Партијата на францускиот претседател Емануел Макрон, Република во движење го загуби мнозинството во Парламентот, откако ја напуштија седум пратеници. Заедно со неколку други поранешни поддржувачи на претседателот, тие формираа нова партија, Екологија, демократија, солидарност, која, како што најавија, ќе се фокусира на „зелените“ прашања и социјалната нееднаквост. По нивната одлука, партијата на Макрон остана со […]

Стаменковска обвинува за незаконски вработувања во јавната администрација


 Дополнителната заменичка министерка за информатичко општество и администрација Невенка Стаменковска-Стојановска во статус на Фејсбук реагираше на изјавата на министерката за финансии Нина Ангеловска за намалување на платите во јавната администрација.Во реакцијата, Стаменковска-Стојановска посочува дека се најавува кратење на платите на вработените во јавниот сектор, а од друга страна се вршат нови вработувања во институциите. – […]

Има желба за разговори, но нема поместувања околу датумот за избори


 На два дена по лидерската средба и на 10 дена до истекувањето на последната, четиринаесетдневна вонредна состојба поради коронавирусот, разликите помеѓу владејачката СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ во однос на терминот за одржување на парламентарните избори остануваат исти. Лидерот на СДСМ Зоран Заев смета дека до завршување на вонредната состојба има простор за разговори за датум […]

Денеска ќе се одлучува за полицискиот час за викендот и за рестораните


Комисијата за заразни болести денеска ќе расправа за траењето на полицискиот час за време на викендот и празниците во понеделник, како и за отворањето на угостителските објекти. И покрај малото зголемување на случаи, епидемијата е под контрола, рече вчера министерот за здравство Венко Филипче. Епидемијата е под контрола. Бројот на активни случаи е стабилен, голем […]

Променливо облачно и натпросечно топло, попладне нестабилно со породен дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно и се уште натпросечно топло. Претпладне со повеќе сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за појава на град. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, кој кон крајот […]

Боливија: Властите делат бесплатно лек против паразити за заштита од корона


Официјални лица во боливискиот град Тринидад започнаа кампања за давање бесплатни дози на „Ивермектин“, лек против болести предизвикани од одредени видови на паразити, со цел борба против коронавирусот во сериозно погодената источна провинција на државата. Властите ќе одат од куќа до куќа за да дистрибуираат околу 350.000 дози на лекот за жителите од регионот Бени, […]

Со половина милион евра се подобрува туристичка понуда на Маврово


Со половина милион евра, општина Маврово и Ростуше и националниот парк „Маврово“ ќе ги подобруваат туристичката понуда и достапноста на природните убавини во овој крај. До крајот на годината треба да се реализира проект што опфаќа изградба на излетнички точки, набљудувачници, обновување на планинарски патеки, набавка на возила за фото-сафари и други содржини наменети за […]

Следната академска учебна година на Кембриџ ќе биде целосно онлајн


Универзитетот Кембриџ соопшти дека во следната учебна година сета настава ќе биде преку интернет поради пандемијата на коронавирус, јави ДПА. Британскиот универзитет соопшти дека очекува барањата за физичка дистанца да останат некое време. – Предавањата ќе продолжат да се одржуваат преку видео-врска до летото 2021 година, рече портпаролот на институцијата. Испитите исто така ќе се […]

„Фејсбук“ ги претстави „Фејсбук шопс“ – онлајн продавница за мали бизниси


Корисниците на социјалната мрежа ќе можат да купуваат директно во продавницата на „Фејсбук“, а наскоро и во продавницата на „Инстаграм“   Основачот и главен извршен директор на „Фејсбук“, Марк Закерберг во вторникот го претстави „Фејсбук шопс“, нова опција што ќе им олесни на компаниите да понудат своите производи на „Фејсбук“ и на „Инстаграм“. Станува збор […]

Лекарите во Русија масовно умираат на првите линии на фронтот против вирусот


Соочувајќи се со сериозен недостиг на заштитни средства заедно со стравувањата дека најлошото допрва треба да се случи, повеќе од 180 медицински работници паднаа како жртви досега, а илјадници се заразени   Москва – Д-р Рима Камалова вели дека раководството на нејзината болница ги игнорирала нејзините предупредувања за необјаснета појава на пневмонија уште во март. […]

Чулев и реплицира на Шекеринска за заразените полицајци


Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев реагираше на изјавата на вицепремиерката Радмила Шекеринска дека четири полициски службеници се заразени од ковид- 19 по одбележувањето на Денот на полицијата. -Ова е груба дезинформација и пласирање на лаги и невистини во јавноста. Ваквите неумесни и паушални изјави најпрво фрлаат сенка на работата на Министерството за внатрешни работи, […]

Шведска ќе ги тестира сите кои треба да се вратат на работа неопходна за земјата


  Шведска денеска соопшти дека сака да го прошири тестирањето за корона вирус на сите лица кои имаат умерени симптоми. Имаат намера да ги тестираат кои работат професии неопходни за земјата да функционира, за непотребно да не остануваат дома. Од почетокот на здравствената криза шведските власти секој ден повикувааѕ граѓаните да останат дома ако имаат […]

Петар Богојески: Да решаваше Мицкоски за Илинденско востание, ќе го немаше


Ставот на ВМРО-ДПМНЕ, дека Заев бара брзи избори за да ги изгуби, е трагикомичен, реагира Петар Богојески од Македонски концепт на денешиот настап на првите луѓе на ВМРО-ДПМНЕ во однос на датумот за избори. „Дали тоа значи дека Мицкоски е загрижен да не изгуби Заев, па сака да му помогне со одлагање на изборите? Ниту […]

Гладните во Чиле се судрија со полицијата поради карантинот


Полицијата и демонстрантите се судрија во јужниот дел на Сантијаго, престолнината на Чиле. Локалните власти предупредија сека нема доволно храна во сиромашните населби поради карантинот воведен за да се спречи ширењето на корона вирусот. Според Ројтерс, демонстрантите фрлале камења и палеле дрвја по должина на улиците во сиромашните квартови на јужниот крај на Сантијаго. Локалната […]

Еколошките автобуси на Шилегов тргнаа од Хрватска


Градоначалникот на Скопје, на Фејсбук се пофали дека еколошките автобуси кои ќе циркулираат во јавниот градски сообраќај во Скопје, тргнале од Хрватска кон Македонија. „Некогаш треба да си упорен. Секогаш треба да веруваш. Моето, твоето, нашето Скопје…“, пишува градоначалникот во серијата постови под мотото – Скопје, една поинаква приказна. Од МАН центарот во Хрватска, пак […]

Глобалната емисија на СО2 може да се намали до 7 отсто поради пандемијата


Глобалните емисии на СО2 би можеле да паднат за четири до седум проценти оваа година, во зависност од јачината и должината на ограничувањата наметнати поради пандемијата на коронавирусот. Тоа се нагласува во студијата објавена денеска во списанието „Nature Climate Change“. Студијата, спроведена од европски, американски и австралиски научници, ги анализира дневните емисии на CO2 во […]

МЗ: Се демонтира мобилната болница, останува монтажната болница како тријажен центар


Министерството за здравство попладнево потврди дека се демонтираат шаторите од мобилната болница која беше поставена како надополнување на капацитетите на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во случај на зголемување на бројот на пациенти на кои би им бил потребен хоспитален третман. Мобилната болница се демонтира, а во неа не влезе ниту еден пациент […]