Стаменковска обвинува за незаконски вработувања во јавната администрација

 Дополнителната заменичка министерка за информатичко општество и администрација Невенка Стаменковска-Стојановска во статус на Фејсбук реагираше на изјавата на министерката за финансии Нина Ангеловска за намалување на платите во јавната администрација.Во реакцијата, Стаменковска-Стојановска посочува дека се најавува кратење на платите на вработените во јавниот сектор, а од друга страна се вршат нови вработувања во институциите.

– Нема да побегне од одговорност хибридниот режим со заробени институции. Иако известувам и пријавувам незаконски вработувања, институциите кои треба да вршат надзор над примена на законите не постапуваат. Ќе остане забележано како сите државни и јавни институции се злоупотребуваат за предизборната кампања на СДС, а со обновата на Македонија институциите ќе се ослободат, секоја злоупотреба на макар еден денар од буџетот на државата и на институциите, ќе се истражи и за секое незаконско постапување одговорност ќе има, пишува Стаменковска-Стојановска.

Посочува дека за неводење на редовност во една институција за едно лице се води кривична постапка, а како што вели, за вработени на кои им се исплаќа плата, иако не постои повеќе основа поради кој се вработиле, нема опомена и кривична одговорност.

За овие состојба, вели Стаменковска-Стојановска, ќе биде известена и Европската унија.