Петар Богојески: Да решаваше Мицкоски за Илинденско востание, ќе го немаше


Ставот на ВМРО-ДПМНЕ, дека Заев бара брзи избори за да ги изгуби, е трагикомичен, реагира Петар Богојески од Македонски концепт на денешиот настап на првите луѓе на ВМРО-ДПМНЕ во однос на датумот за избори.
„Дали тоа значи дека Мицкоски е загрижен да не изгуби Заев, па сака да му помогне со одлагање на изборите? Ниту господин Мицкоски, ниту господин Заев имаат право да одлучуваат кога ќе има избори!
Таа одлука ја донесуваат Уставот и законите, а не политичарите! Избори на 21 јуни мора да има, согласно Устав и закони! Ако Мицкоски одлучувал за Илинденско востание, никогаш немало да го има! Па какви се овие војводи во палатата, што се плашат од избори?!?
Нашата теза дека палатистите се измеќари на Заев се докажува! Со ова однесување, Мицкоски му дава на тацна уште 4 години власт на Заев! Факт е дека опозицијата е киднапирана од еден безидеен лидер, кој работи за власта“, смета Богојески.