Макам-транс бара прогресивен данок место поскапена акциза


Асоцијацијата на превозници Макам-транс бара укинување на Уредбата за зголемување на акцизата за три денари и воведување прогресивен данок на доход за сите стопански и нестопански дејности. Макам-транс предлага 0,5 проценти данок на доход за сите правни субјекти кои лани имале добивка од 100.000 до 10.000.000 денари, еден процент данок на доход за тие со […]

Пјонгјанг молчи за здраствената состојба на Ким Џонг-ун


Откако вчера се појавија различни информации за севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, се уште нема официјална потврда за неговата здраствена состојба од Пјонгјанг. Дел од медиумите објавија дека тој е во кома откако на 12 април му беше извршена операција на срцето, додека на социјалните мрежи беше објавено дека Ким починал. Ким Џонг-ун стана лидер на […]

Над 1.900 граѓани ги донирале парите од повратот на ДДВ


Над 1.900 граѓани досега одлучиле да ги донираат парите кои им се враќаат од повратот на платениот ДДВ, односно од скенираните фискални сметки. Корисниците на апликацијата Мој ДДВ можат да изберат дали ќе си ги задржат парите кои ќе се исплатуваат за скенираните сметки за првото тримесечје односно за јануари, февруари и март. Со донацијата […]

Ким Џонг-ун е во кома или мртов, но нема официјална потврда


Светските медиуми пишуваат дека се шпекулира оти лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун починал или е во кома по операција за вградување стент на срцето, но сè уште нема официјална потврда. Њујорк пост пишува дека информациите за смртта на севернокорејскиот претседател се појавиле на ТВ во Хонгконг, а наведуваат и дека некои јапонски медиуми пренеле […]

Поезија за деновите на изолација – РАДОВАН ПАВЛОВСКИ


Радован Павловски (1937) е исклучителна појава во македонската поезија. Кога на почетокот на 1960-тите се појавија неговите први стхозбирки тоа претставуваше своевидна револуција во поетскиот јазик во тогашните југословенски простори. Неговата метафорика е извонредна. Речиси во целото негово творештво се провлекува селото Железна Река, Гостиварско, каде го помина своето детство и кое е непресушен извор […]

Дерковски: ДИК е подготвена за избори, но прво треба да се одреди изборниот ден


Претседателот на Државната изборна комисија Оливер Дерковски вели дека Комисијата е подготвена да организира избори кога ќе биде потребно, но претходно, потенцира, треба да се утврди кога тие би се одржале. Тој смета дека изборите треба да ги распише претседателот на Собранието Талат Џафери, но, оти претходно Уставниот суд треба да го поништи претходното решение […]

Ќе важат старите дозволи за движење на работниците и при промена на полицискиот час


Компаниите повеќе нема да треба да издаваат нови дозволи за движење на работниците до работните места со секоја промена на режимот на движење и периодот на траење на полицискиот час, туку ќе важат веќе издадените дозволи, соопшти владината прес-служба. -Владата на Република Северна Македонија на последниот кризен штаб донесе одлука со која се продолжува важноста […]

Италија: процентот на новозаразени паѓа, 415 мртви


Во Италија уште има премногу смртни случаи, но сите други показатели продолжуваат да се движат во вистинската насока, онаа на намалување на инфекцијата. Во последните 24 часа односот помеѓу откриените нови случаи и извршените тестови опадна на минимум од почетокот на епидемијата. Сега има само еден позитивен на 27 тестови. Во рамките на позитивните бројки […]

Маричиќ: Бугарските условувања не се пречка да почнеме преговори


Бугарските условувања не се пречка за отпочнување на преговорите за влез на земјата во европската унија, а сетот мерки од бугарска страна во прилог на заклучокот се еднострани, објаснуваат од владиниот тим за преговори со унијата. Македонскиот јазик кој е спорен за бугарските власти во највниот додокуемнт е затворено прашање, а сите останатите барања ќе […]

Тимоти Шаламе и Лили-Роуз Деп се разделија по една година врска


Франција– Актерот Тимоти Шаламе (24) и музата на „Шанел“ Лили-Роуз Деп (20), ќерката на Џони Деп и Ванеса Паради, се убави, славни, со кариери во пораст и беспрекорен стил. Згора на тоа, тие глумат еден со друг во филмот инспириран од Шекспир, King (премиерата е на 2 ноември на Нетфликс). Па така, кога луѓето почнаа […]

Полска ја сомничи Русија за сложена операција за дезинформирање


Портпаролот на директорот на полските безбедносни сили Станислав Зарин денеска изјави дека земјата била на мета на „сложена операција на дезинформирање“, со цел да се ослабне сојузништвото помеѓу Полска и САД. Тој додаде дека операцијата е слична како и претходните руски хакерски напади. Зарин истакна дека Полска ќе ја продолжи истрагата и оти нема дефинитивен […]

Курти го разреши советникот кој изјави дека ОВК вршела злосторства


 Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин Курти го разреши денеска својот советник Шкељзен Гаши, чија вчерашна изјава дека Ослободителната војска на Косово (ОВК) вршела злосторства врз цивили предизвика бројни реакции во косовската јавност, јави дописникот на МИА од Приштина. Курти на својот профил на Фејсбук напиша дека „некои вчерашни изјави (на Гаши) имаат деконцентрирачки […]

Зградите затворени поради корона вирусот може да бидат извор на легионерска болест


  Комерцијалните згради кои со седмици се затворени за да се сузбие заразата од корона вирус, може всушност да предизвикаат друга опасна зараза на белите дробови – легионерска болест. Ријтерс пишува дека поради овој факт многу здравствени работници повикуваат сопствениците на зградите постепено потворно да ги отвораат за да се спречи да избие легионерската болест. […]

Британија брои повеќе од 20.000 починати од ковид-19


Британското Министерство за здравство објави дека уште 813 лица починале денеска, позитивни на ковид-19. Со нив, вкупниот број на смртни случаи од коронавирус на островот достигна 20.319. Бројот е поголем од претходниот ден кога беа пријавени 684 лица и доаѓа откако владата соопшти дека вирусот го достигнал својот врв.

Нуредини: Изложеноста на аерогадување е ризик за заболените од корона вирусот


Луѓето кои што живеат во предели кои имаат искусено поголемо аерозагадување се соочени со зголемен ризик за предвремена смрт од Ковид-19, вели во интервју за МИА министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, кој напомена дека оваа теза неодамна ја изнел специјалниот известувач за човекови права и животна средина на ОН, Дејвид Бојд. […]

Лавров за СЗО: Никој не е совршен


Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска изјави дека Светска здравствена организација прилично добро, иако не совршено, ја извршува својата работа. Тој во интервју за руската национална телевизија изјави дела СЗО многу добро ја извршува својата улога на координативно тело за меѓународното јавно здравство, иако не без грешки. – Никој не е совршен, посочи Лавров. […]

Италијанска научничка доброволно прими тест вакцина


  Италијанската научничка Елиса Геанато е прва која доброволно си вбризга тест вакцина против ковид-19. Тестирањето се продолжува со уште 500 волонтери и ако се покаже успешно, затитата од корона вирусот ќе може да биде подготвена уште во септември. Пробната вакцина е резултат на англо-италијанско партнерство родено од соработката меѓу Адвент-ИРБМ, мало биоинженерско претпријатие, сместено […]

„Метрополитен“ со виртуелен гала-концерт: Три часа со оперските ѕвезди од дома


САД- Досега невиден тричасовен виртуелен концерт „At Home”, ќе приреди познатата Метрополитен опера во Њујорк, на својот веб-сајт, вечерва, во 19 часот по наше време. Репризата ќе може да се гледа половина час после полноќ, со можност со еден клик да се оствари донација за оваа значајна уметничка куќа. Гала концертот „At Home” е дел од […]

Во Кина 10 дена нема починати од корона вирус


Кина денеска бележи десетти ден со ред без да пријави смртен случај од ковид-19. Властите во Пекинг објавија дека во претходните 24 часа заразната болест е потврдена кај 12 лица, од кои 11 се вратиле од странство. Во кинеските болници се наоѓаат само 838 заразени од корона вирус, додека уште околу 1.000 се наоѓаат во […]

Во Србија седум лица починаа, а регистрирани се 296 новозаболени од Ковид-19


Србија досега има евидентирано 7.779 заразени лица со новиот корона вирус, од кои 151 починат и 1.152 излекувани граѓани, јави дописникот на МИА од Белград. Во изминатите 24 часа, првпат се тестирани над пет илјади граѓани или 5.051 лице, од кои бројот на позитивни на вирусот изнесува 296 лица, со што вкупно во Србија со […]