Британија брои повеќе од 20.000 починати од ковид-19


Британското Министерство за здравство објави дека уште 813 лица починале денеска, позитивни на ковид-19.

Со нив, вкупниот број на смртни случаи од коронавирус на островот достигна 20.319.

Бројот е поголем од претходниот ден кога беа пријавени 684 лица и доаѓа откако владата соопшти дека вирусот го достигнал својот врв.