Италијанска научничка доброволно прими тест вакцина


 

Италијанската научничка Елиса Геанато е прва која доброволно си вбризга тест вакцина против ковид-19.

Тестирањето се продолжува со уште 500 волонтери и ако се покаже успешно, затитата од корона вирусот ќе може да биде подготвена уште во септември.

Пробната вакцина е резултат на англо-италијанско партнерство родено од соработката меѓу Адвент-ИРБМ, мало биоинженерско претпријатие, сместено во Помезија, во близина на Рим и Институтот „Џенер“ од Универзитетот во оксфорд, Англија.

Тимот го забрза истражувањето последните недели поради се поголемиот број смртни случаи и инфекции од новиот корона вирус. Во моментот ширум светот околу 40 научни тимови забрзано работат на откривање вакцина против корона вирусот. Предност на овој проект е што се заснова на платформа користена за вакцината против ебола.

https://twitter.com/Rntk____/status/1253392496672911362

Шефицата на англискиот тим, вирологот Сара Гилберт вели дека е оптимист во поглед на резултатите од студијата и верува дека вакцината ќе делува.

„Лично сум уверена. Мислам дека, со добра доза оптимизам, постојат одлични можности дека тоа ќе успее“, вели д-р Гилберт.

Целта е вакцината да биде спремна на есен за веќе во септември да може во милионски дози да бидат вакцнирани здравствените работници и силите за спроведување на законот.

„Во нормално време, потребни се години за да се дојде до оваа фаза“, вели англискиот министер за здравство Мет Хенкок.

Во Англија, уште еден тим од Кралскиот колеџ во Лондон, работи на друга варијанта вакцина против корона вирус.

Владата во Лондон вложи повеќе од 20 милиони евра за пронаоѓање вакцина, а уште дополнителни 20 милиони во научните институции.